Трета лигаФудбал

Шерифи херој на Дрита за триумф над Гостивар, реми со шест гола на Речица и Вардар Брвеница, Градец со висока победа

Сподели
Сподели

Рамадан Шерифи е херојот на Дрита од Боговиње, откако славеше со минимални 1:0 над Гостивар во меч од 8. коло на Трета лига регион 6.

Шерифи погодокот го постигна во 4. минута од средбата, а до крајот шансите не ги користеа ниту домаќините, ниту гостите со што трите бодови останаа на домашен терен.

Јехона на домашен терен загуби од Градец со резултат од 0:3, а гостинот до победата стигна преку двата погодоци на Робертино Златески и голот на Ерјон Елмази.

Ако го поддржувате независното известување и промоцијата на македонскиот спорт, можете да ја поддржите нашата работа со симболична донација. Секоја поддршка ни значи и ни помага да создаваме нови спортски приказни

Речица и Вардар од Брвеница ги поделија бодовите откако одиграа атрактивен меч со шест гола за конечни 3:3.

За гостинскиот тим сите три погодоци ги постигна Ивица Костадиноски, а пак за домаќинот погодија Феми Велија и Емран Матоши во првиот дел, а во вториот дел Арѓент Рамадани погоди во 90. минута и го спаси својот тим од пораз.



Скендербег и Цетинска ги поделија бодовите откако одиграа 2:2. За домаќинот Ќендрим Аљиљи беше двоен стрелец, за гостинот Лорик Љика беше двоен стрелец.

Извештајот на Спортска Мрежа за вчерашните мечеви можете да го прочитате овде.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Даниел Трајковски носи три бода за Раштани Спорт, минимална победа на Форца Нова, Горски пресилен за Локомотива

Тополка забележа минимална победа од 1:0 над Врановци, а стрелец на победничкиот гол во мечот од 4. коло на Општинската фудбалска лига во...

Прва лигаФудбал

Шкендија останува на врвот, Струга искористи најмногу, Тиквеш е блиску до врвот, Арсими останува во бараж зоната за опстанок

По единаесет рунди во Првата македонска фудбалска лига и натаму Шкендија го држи врвот од табелата, но сега вицешампионот има само еден бод...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

ФФМ: Исправни судиски одлуки на натпреварот Тиквеш – Башкими

На натпреварот меѓу ФК Тиквеш и ФК Башкими во неколку ситуации беа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!