ФудбалЧетврта лига

Даниел Трајковски носи три бода за Раштани Спорт, минимална победа на Форца Нова, Горски пресилен за Локомотива

Сподели
Сподели

Тополка забележа минимална победа од 1:0 над Врановци, а стрелец на победничкиот гол во мечот од 4. коло на Општинската фудбалска лига во Велес беше Матеј Димовски, кој погоди во 75. минута од средбата.

Форца Нова славеше минимална домашна победа од 1:0 над Согле, а херој за домашниот тим беше Антонио Јорданов, кој погоди во 18. минута од средбата.

Раштани Спорт со 0:2 го доби Младост откако во првиот дел мрежите беа чисти, во второто полувреме двата гола ги постигна Даниел Трајковски.

Горски на домашен терен го декласираше некогашниот второлигаш Локомотива од Градско со 3:0. По само 15 минути игра Иванче Давитков постигна два гола за предност од два гола на полувреме.

Ако го поддржувате независното известување и промоцијата на македонскиот спорт, можете да ја поддржите нашата работа со симболична донација. Секоја поддршка ни значи и ни помага да создаваме нови спортски приказни

Во вториот дел од мечот Аријан Колашинац погоди во 57. минута за конечни 3:0.

Единствениот меч кој заврши без победник беше тој меѓу Плавник и Бузалкова, откако двете екипи одиграа 1:1.

Домашниот тим во 39. минута преку голот на Кадри Куртишов дојде до предност, а во самиот финиш од мечот гостинот со голот на Меда Сулејмани во 85. минута се спаси од пораз и освои бод.



По четири кола на првото место е Раштани Спорт со десет бода, Горски е втор со осум бода, а пак со по седум бода третото место го делат Локомотива и Форца Нова.

Тополка е на петтото место со шест бодови, Плавник е шести со пет бода, а пак со по четири бодови Бузалкова и Врановци го делат седмото место, Согле е претпоследен со два бода, а дното е Младост без бодови.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија повторно локално фудбалско дерби во радовишко – Готен и Слога ќе ги одмерат силите во Подареш!

По долги години пауза, радовишкиот фудбал повторно ќе добие локално дерби! Утре, во рамките на шестото коло од Општинската фудбалска лига – Струмица,...

Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три терени – убедлива победа на Прилеп, драматичен триумф на Бутел Скопје...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Поранешниот селектор на Македонија Игор Ангеловски- Мрме го носи Таџикистан во финалето на Кралскиот куп!

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски – Мрме, заедно со...

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!