Лирија на домашен терен во Желино славеше над Љуботен со 3:0 во меч од 8. коло на Трета лига регион 3 со што трите бодови останаа на домашен терен.
По чистите мрежи во првото полувреме во 49. минута беше отворен резултатот со голот на Зеќир Џеладини, а само три минути подоцна Дритон Зеадини ја дуплираше предноста.
Во 56. минута Драган Ѓорѓијевски си постигна автогол и со тоа беа поставени конечните 3:0.
Доброште имаше убедлива победа на домашен терен против Џепчиште со резултат од 4:1.
Домашниот тим преку Кујтим Мустафи во 18. минута го отвори резултатот, а две минути подоцна стигна до 2:0. Во 23. минута гостинот намали на 2:1 на полувреме.
Во вториот дел Агон Хашими и Сутки Муслија ги поставија конечните 4:1.
Колото ќе се комплетира денес со останатите средби.