Прва лигаФудбал

Шкендија останува на врвот, Струга искористи најмногу, Тиквеш е блиску до врвот, Арсими останува во бараж зоната за опстанок

Сподели
ФОТО: ФК Арсими
Сподели

По единаесет рунди во Првата македонска фудбалска лига и натаму Шкендија го држи врвот од табелата, но сега вицешампионот има само еден бод повеќе од Струга Трим Лум која е втора.

Шампионот Вардар останува на третото место со 21 бод, а најблиску до водечката тројка е Тиквеш кој е четврти со 20 бодови.

Силекс влезе во победнички ритам и го има петтото место со 16 бодови на своето конто, а пак Шкендија Арачиново која е во резултатска криза е шесто со 14 бодови на своето конто.

Брегалница го задржа седмото место со 13 бодови, а пак Арсими е во бараж зоната како осми со десет бодови. Во опасната зона е Башкими како претпоследен тим со седум бодови, на дното е Скопје со три бодови.



Шкендија и Струга Трим Лум имаат најмногу победи – по седум, најмногу порази имаат Башкими и Скопје – по осум. Најмалку порази имаат Шкендија и Тиквеш – по еден, а пак Скопје е единствениот тим без триумф по 11 кола.

Најдобар напад има Струга Трим Лум која има 26 постигнати гола, а тимот ја има и најдобрата одбрана со примени седум гола.

Најлош напад има Скопје само пет постигнати голови, најлоша одбрана има Башкими со примени 32 гола.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија повторно локално фудбалско дерби во радовишко – Готен и Слога ќе ги одмерат силите во Подареш!

По долги години пауза, радовишкиот фудбал повторно ќе добие локално дерби! Утре, во рамките на шестото коло од Општинската фудбалска лига – Струмица,...

Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три терени – убедлива победа на Прилеп, драматичен триумф на Бутел Скопје...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Поранешниот селектор на Македонија Игор Ангеловски- Мрме го носи Таџикистан во финалето на Кралскиот куп!

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски – Мрме, заедно со...

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!