Трета лигаФудбал

Лабинот Елези обезбеди три бода за Влазерими, Могила славеше над Демир Хисар, минималец за Крошу Спорт

Сподели
Сподели

Крошу Спорт на крилат на Александар Ѓорѓиевски го доби Чардак Велгошти на гостински терен со минимални 0:1 во меч од 7. коло на Трета лига регион 5.

Могила стигна до гостинска победа над Демир Хисар со резултат од 1:2 по чистите мрежи во првиот дел. Андреј Ристевски во 55. минута погоди за 0:1, а пет минути подоцна Јовица Китановски погоди за 1:1.

Во 82. минута Дарио Брендовски постигна гол со кој гостинскиот тим славеше победа и три бода.

Влазерими со 3:2 славеше над Кравари со што трите бодови останаа во Кичево, во натпревар каде домаќинот со двата гола на Арѓент Зибери имаше два гола предност на полувреме.

Ако го поддржувате независното известување и промоцијата на македонскиот спорт, можете да ја поддржите нашата работа со симболична донација. Секоја поддршка ни значи и ни помага да создаваме нови спортски приказни

Во вториот дел Стефан Каревски со два гола обезбеди 2:2, но во 88. минута Лабинот Елези погоди за конечни 3:2.

Света Троица од Охрид триумфираше над Напредок во Кичево со резултат од 1:2. Боге Бимболовски погоди во 44. минута за 0:1 на полувреме. Во вториот дел Никола Угриноски постигна гол за 0:2 во 80. минута, а девет минути подоцна Јован Никодиноски ги постави конечните 1:2.

Преспа конечно стигна до првата сезонска победа откако со 3:2 славеше над струшки Караорман со што трите бодови остана во Ресен.



Нико Пластиновски беше двоен стрелец за домаќинот, а пак во 86. минута Александар Поповски беше стрелец за Преспа. За гостинскиот тим гол постигна Ангел Крстески, а пак Оливер Колоски си постигна автогол.

Баир Спорт слави домашна победа од 3:2 над Влазними од Струга преку пресврт. Гостинот преку Елидон Рочи дојде прв до водство, а Игор Талевски погоди за 1:1.

Во вториот дел Константин Ласковски донесе предност за домаќинот од 2:1, а Денис Шадов во 83. минута израмни. Сепак, во 89. минута Ерџан Фејзуловски ги расплака гостите со гол за победа од 3:2.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија повторно локално фудбалско дерби во радовишко – Готен и Слога ќе ги одмерат силите во Подареш!

По долги години пауза, радовишкиот фудбал повторно ќе добие локално дерби! Утре, во рамките на шестото коло од Општинската фудбалска лига – Струмица,...

Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три терени – убедлива победа на Прилеп, драматичен триумф на Бутел Скопје...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Поранешниот селектор на Македонија Игор Ангеловски- Мрме го носи Таџикистан во финалето на Кралскиот куп!

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски – Мрме, заедно со...

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!