Трета лигаФудбал

Илинден до уште една убедлива победа, Аган Алиу го реши Њу Старс, еден меч заврши без победник

Сподели
ФОТО: ФК Илинден
Сподели

Непоразениот лидер Илинден до нов триумф откако во меч од 7. коло на Трета лига регион 1 славеше над Перпарими Нигиштан со што во целост ја оправда фаворитската улога.

Илинден кој е прв фаворит за бараж за Втора лига во овој регион до високиот триумф стигна преку трите гола на Ален Јашароски, а по еден гол постигнаа Давид Ристовски, Дарио Десниќ и Керим Ибраимов.

Дуелот меѓу Фортуна и Аеродром немаше победник, а понуди два гола за конечни 1:1.

Шуајб Рамани во 10. минута донесе водство за домашниот тим, а во 70. минута Арсим Нуредини си постигна автогол со што гостинскиот тим се спаси од пораз.

Ако го поддржувате независното известување и промоцијата на македонскиот спорт, можете да ја поддржите нашата работа со симболична донација. Секоја поддршка ни значи и ни помага да создаваме нови спортски приказни

Башкими Љуботен ја доби голеадата на домашен терен со Беса од Сарај откако славеше со 4:3 и тоа преку пресврт.

Фуркан Саити по само две минути го отвори резултатот за водство на гостинот, а во 13. минута Омер Хамити погоди за 1:1 во 13. минута.

Во вториот дел домашниот тим преку головите на Елмедин Арифи во 48. минута и голот на Албан Алија во 54. минута обезбеди водство од 3:1.

Гостинот се обеди да се врати во игра откако Зирап Имери во 61. минута погоди за 3:2, но само четири минути подоцна Вулнет Далипи погоди за 4:2.



Во 72. минута гостинската екипа го ублажи поразот на 4:3 откако погоди Ибрахим Мемеди.

Њу Старс на домашен терен загуби од Студеничани со резултат од 1:3. Гостинот имаше предност на полувреме со голот на Зејди Шабани.

Во вториот дел домаќинот преку Максим Франговски израмни на 1:1 во 80. минута, а потоа во четири минути гостинот со двата гола на Аган Алиу во 85. и 89. минута ја потврди победата од 1:3.

Извештајот на Спортска Мрежа од вчерашните натпревари можете да го прочитате овде.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија повторно локално фудбалско дерби во радовишко – Готен и Слога ќе ги одмерат силите во Подареш!

По долги години пауза, радовишкиот фудбал повторно ќе добие локално дерби! Утре, во рамките на шестото коло од Општинската фудбалска лига – Струмица,...

Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три терени – убедлива победа на Прилеп, драматичен триумф на Бутел Скопје...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Поранешниот селектор на Македонија Игор Ангеловски- Мрме го носи Таџикистан во финалето на Кралскиот куп!

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски – Мрме, заедно со...

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!