Трета лигаФудбал

Лидерот Куманово ја декласираше Победа од Тромеѓа, Козјак со три бода, Пчиња славеше над Липково

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Екипата на Козјак од Старо Нагоричане стигна до првата сезонска победа откако во гости со 0:2 го доби Влазними од Оризари, во меч од 7. коло на Трета лига регион 2.

Драган Трајковиќ во 43. минута погоди за 0:1 на полувреме, а победата ја потврди Мартин Стефановиќ во 83. минута за конечни 0:2.

Екипата на Козјак стигна до првата сезонска победа и го напушти дното на табелата.

Липково преку пресврт беше поразен пред домашната публика од Пчиња со 1:3. Есат Рамани во 16. минута го отвори резултатот за водство на домаќинот, а во 33. минута следува израмнување со голот на Николче Стојановски.

Во вториот дел Христијан Стојчевски погоди за пресврт, а Бобан Стојановски во 87. минута ги постави конечните 1:3.

Јуниор од Доброшане забележа пораз во гости од Беса Слупчане со 3:1. Седат Мурсели го донесе домаќинот во водство од 1:0, а во 40. минута Сретан Каланоски погоди за 1:1.

Ако го поддржувате независното известување и промоцијата на македонскиот спорт, можете да ја поддржите нашата работа со симболична донација. Секоја поддршка ни значи и ни помага да создаваме нови спортски приказни

Во второто полувреме домашните преку Мерван Фетаи во 78. минута имаа нова предност, а Амир Бајрами во 87. минута ги постави конечните 3:1.



Лидерот Куманово ја декласираше Победа од Тромеѓа со резултат од 6:1 за нова радост на навивачите. Андреј Јовановски беше двоен стрелец за Куманово, а по еден гол постигнаа Марко Даовски, Амар Имери, Леон Момевски и Бехар Реџепи.

Во вториот дел Андреј Петрушевски постигна утешен гол во 82. минута од средбата во Доброшане.

Извештајот на Спортска Мрежа за мечот меѓу Академија Осогово и Речица кој се одигра вчера, можете да го погледнете овде.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Теодора Јанковска херој за Ржаничино во дербито на колото, висока победа за Топ Гол, Башкими се враќа со три бода од Охрид

Во Втората женска фудбалска лига продолжува трендот на високи и убедливи победи со многу погодоци, а по некогаш има резултати како на ракомет....

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Галабовска носи три бода за Тиверија Брера, Љуботен слави во дербито со Саса

Тиверија Брера со три бода се враќа во Струмица, откако во Кравари со 0:2 славеше над Пелистер во мечот од 10. коло на...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Лабинот Елези обезбеди три бода за Влазерими, Могила славеше над Демир Хисар, минималец за Крошу Спорт

Крошу Спорт на крилат на Александар Ѓорѓиевски го доби Чардак Велгошти на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!