Прва лигаФудбал

Јонузи: Се надеваме на позитивен резултат во Штип

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Екипата на Башкими, по првите три кола во новата фудбалска сезона, сè уште е без освоен бод и без постигнат гол. Сепак, она што ги охрабрува раководството и стручниот штаб на кумановскиот клуб е далеку подоброто издание на последниот натпревар против Арсими во Гостивар, каде што и покрај поразот, играта беше на ниво, а недостасуваше само реализацијата.

Оптимизмот во таборот на Башкими се базира и на традицијата, со оглед на тоа што клубот верува во добар исход од дуелите со Брегалница.

„Натпреварите против Брегалница низ годините ни лежеа и често знаевме да се вратиме со позитивен резултат од нивниот терен. Се надеваме дека така ќе биде и овој пат“, истакна фудбалерот Мал Јонузи.

Тој верува дека кумановци ќе се прикажат во право светло на претстојниот дуел во Штип, кој ќе се игра во вечерен термин.

„Нè очекува убав натпревар под рефлектори, одлична можност за публика да ужива во фудбалот, а ние да ги израдуваме нашите навивачи“, додаде Јонузи.

Натпреварот меѓу Брегалница и Башкими ќе се одигра на градскиот стадион во Штип, со почеток од 19:00 часот, а главен судија на мечот ќе биде Доне Ристовски.

Сподели

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски со голема победа: Таџикистан ја совлада Кина

Игор Ангеловски запиша значаен триумф како селектор на Таџикистан, откако неговата репрезентација со 1:0 ја совлада Кина во пријателски натпревар одигран во Чонгкинг....

КупФудбал

КУП: Тиквеш со 13 гола го доби третолигашот Крошу Спорт како на тренинг меч

Тиквеш воопшто не се испоти за да се пласира во осминафиналето од Купот на Македонија, откако со 0:13 го декласираше третолигашот Крошу Спорт...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски со голема победа: Таџикистан ја совлада Кина

Игор Ангеловски запиша значаен триумф како селектор на Таџикистан, откако неговата репрезентација...

КупФудбал

КУП: Тиквеш со 13 гола го доби третолигашот Крошу Спорт како на тренинг меч

Тиквеш воопшто не се испоти за да се пласира во осминафиналето од...

ФудбалФутсал

Никола Анчевски се врати дома: Анче повторно во дресот на шампионот Проект

Шампионот Проект во еден ден претстави три нови засилувања, по промоциите на...

ФудбалФутсал

Кирил Неделков е ново засилување на шампионот Проект

Македонскиот шампион Проект промовираше уште едно засилување, Кирил Неделков промовиран во тимот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!