ФудбалФутсал

Никола Анчевски се врати дома: Анче повторно во дресот на шампионот Проект

Сподели
Сподели



Шампионот Проект во еден ден претстави три нови засилувања, по промоциите на Андреј Коцевски и Кирил Неделков, тимот од Јосифово го претстави повратникот Никола Анчевски.

Популарниот Анче, кој има 22 години, повторно ќе го носи дресот на Проект, тој првиот пат во македонскиот шампион кој минатата сезона ја освои двојната круна пристигна во септември 2024 година.

Покрај за Проект, во македонскиот футсал има настапувано за Бутел, Железарец, како и за Велес. Анчевски има искуство и во големиот фудбал, кариерата ја започна во најтрофејниот македонскиот фудбалски клуб Вардар, беше дел и од Македонија ЃП, Борец и Еуромилк ГЛ, а дресот на „лисите“ го носи од август 2025 година.

Донирај за Спортска Мрежа и поддржи го независното известување за македонскиот спорт

Според информациите на Спортска Мрежа, деновите се очекува уште една „трансфер бомба“ со што Проект јасно става до знаење дека оди на одбрана на двојната круна, која минатата сезона беше освоен без ниту еден загубен натпревар со перфектен учинок – само победи.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Успех кој се памти: 4 златни, 3 сребрени и 9 бронзени медали за Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација на силниот меѓународен натпревар „Србија опен 2026“

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација оствари одличен настап на меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Србија опен 2026“, кој се одржа во Нови Сад, Србија. Во...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир Ohrid Winter Cup 2026, кој ќе се одржи од 5 до...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Влазерими на врвот, Караорман го следи лидерот, на дното е Демир Хисар

По седум кола во Трета лига регион 5 лидер на табела е...

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен го декласираше Подгор со ОСУМ гола, Василево го „потопи“ Интер Кукла, Банско со сигурна победа

Екс третолигашот Василево однесе огромна победа на домашен терен совладувајќи го Интер...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!