Прва лигаФудбал

Скопје испушти победа, Тиквеш се спаси со Сила за реми на „Петар Милошевски“

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Скопје и Тиквеш одиграа 1-1 во првиот натпревар од четвртото коло во Првата македонска фудбалска лига, во меч во кој домаќинот долго време беше на чекор до првата сезонска победа.

Дуелот на тренинг-комплексот „Петар Милошевски“ започна со иницијатива на кавадарчани. Тиквеш имаше неколку обиди преку Н’Фанли Сила и Окере Виздом, но Наумовски беше сигурен на голот на Скопје.

Како што одминуваше првото полувреме, домаќинот успеа да воспостави рамнотежа и почна да се заканува кон голот на гостите. Скопје ја искористи својата шанса во 34. минута, кога Антонио Божиновски ја затресе мрежата и донесе водство од 1-0.

Само една минута подоцна Тиквеш можеше да остане со играч помалку, откако Ибрахима Фал доби втор жолт картон. Сепак, по ВАР-проверката, судијата Фуркан Идризи ја промени одлуката и Фал остана на теренот.

Тиквеш во вториот дел тргна поофанзивно и успеа да постигне гол преку Гуџуфи, но погодокот беше поништен поради офсајд на стартот од вториот дел.



Кавадарчани продолжија со притисокот, а во 70. минута добија можност од белата точка по игра со рака во шеснаесетникот. Одговорноста ја презеде Н’Фанли Сила, кој беше прецизен за 1-1.

До крајот Тиквеш се обиде да стигне и до целосен пресврт, но Скопје успеа да го одбрани бодот. Домаќините во завршницата имаа и свои можности за победнички гол, но не успеаја да ги реализираат.

За Скопје ова е втор освоен бод во новата сезона, додека Тиквеш сега има седум бодови.

Во следното, петто коло, Скопје ќе гостува кај Арсими, додека Тиквеш ќе има тешка домашна задача против актуелниот шампион Вардар.



Сподели

Не пропуштајте

Останато

Сопиште доби ново мултифункционално спортско игралиште

Жителите на Општина Сопиште од денеска имаат современ и функционален спортски простор, откако беше пуштено во употреба реконструираното мултифункционално игралиште, реализирано со поддршка...

Останато

Мохамед Атум пристигна во Македонија,18 млади пинг-понгари на камп во Пехчево

Мохамед Атум од Јордан, тренер од мрежата на Меѓународната пинг-понг федерација (ITTF), заедно со селекторот на македонската репрезентација, Миленковиќ, беа во посета на...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Никола Анчевски се врати дома: Анче повторно во дресот на шампионот Проект

Шампионот Проект во еден ден претстави три нови засилувања, по промоциите на...

ФудбалФутсал

Кирил Неделков е ново засилување на шампионот Проект

Македонскиот шампион Проект промовираше уште едно засилување, Кирил Неделков промовиран во тимот...

КупФудбал

КУП: Третолигашот Крошу Спорт против фаворитот Тиквеш во Неготино

Утре на Градскиот стадион во Неготино ќе се одигра уште еден меч...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект се засили со младиот Андреј Коцевски

Македонскиот футсал шампион го претстави првото засилување за новата сезона, Андреј Коцевски...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!