Нов ден со интересни пресметки на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, на кој Тримо Требње и Војводина стигнаа до значајни победи.
Словенечкиот состав Тримо Требње со минимални 25:24 го совлада Олимпијакос и по две одиграни средби има четири бода, со што направи голем чекор кон пласман во финалето. Херој на победата беше Урбан Лесјак, поранешниот голман на Еурофарм Пелистер, кој блесна со дури 19 одбрани и беше прогласен за МВП на натпреварот.
Во групата А, Војводина стигна до првата победа, откако со 29:24 ја совлада младинската репрезентација на Египет. Српскиот вицепрвак со овој триумф го обезбеди третото место во групата, додека Египет У20 ќе се бори за седмата позиција. Голманот Коста Диздар беше еден од најзаслужните за победата со 16 интервенции.
Во групата Б, пак, вечерва следува нова важна пресметка.
Од 21:00 часот ќе играат Вардар и Нексе Нашице, дуел кој може да има големо значење во битката за пласман во групата.