Останато

Газели Волеј со две интернационални засилувања: Сохила Вафек и Николета Капици во составот за новата сезона

Сподели
ФОТО: ОК Газели Волеј
Сподели

Газели Волеј го комплетира составот за сезоната 2026/27 со две интернационални засилувања. Египетската репрезентативка Сохила Вафек и американската одбојкарка Николета Капици ќе го носат дресот на тимот во новата натпреварувачка сезона.

Вафек во Газели Волеј пристигнува со богато меѓународно искуство и треба да биде важен дел од тимот во организацијата на играта. Египетската одбојкарка во САД настапувала за University of Illinois Chicago (UIC) и University of New Mexico, додека во родниот Египет го носела дресот на Al-Ahly SC.

Минатата сезона Вафек настапуваше во Унгарија за Fatum Nyíregyháza, со кој стигна до осминафиналето во CEV Challenge Cup.

„Се радувам на успешна сезона, заеднички напредок како тим и давање на мојот максимум на теренот и надвор од него. Многу сум возбудена!“ – изјави Вафек.

Од Газели Волеј очекуваат нејзиното искуство, знаење и квалитет во организацијата на играта да му помогнат на тимот да направи чекор напред и да се искачи на повисоко ниво.

Второто интернационално засилување е Николета Капици, која игра на позицијата среден блокер. Американката е висока 189 сантиметри, а во колеџ кариерата настапувала за Eastern Washington University, University of Tennessee и University of South Alabama.

Капици потоа ја продолжила кариерата во Европа, каде што прво настапувала во Финска за Pölkky Kuusamo, а минатата сезона го носела дресот на португалскиот Leixões SC.

„Многу сум возбудена што му се приклучувам на семејството на Газели Волеј. Со нетрпение очекувам да се бориме на теренот за шампионската титула и да играм заедно со девојките!“ – порача Капици.

Од клубот веруваат дека нејзиното искуство и квалитет ќе бидат значајно засилување, особено во играта на мрежа.

Со ангажманот на Вафек и Капици, Газели Волеј ги заокружува интернационалните засилувања и составот за сезоната 2026/27, во која тимот ќе влезе со дополнителен квалитет и амбиции за што подобри резултати.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Успех кој се памти: 4 златни, 3 сребрени и 9 бронзени медали за Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација на силниот меѓународен натпревар „Србија опен 2026“

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација оствари одличен настап на меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Србија опен 2026“, кој се одржа во Нови Сад, Србија. Во...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир Ohrid Winter Cup 2026, кој ќе се одржи од 5 до...

Поврзани написи
Останато

Три македонски одбојкарски екипи во европска акција, Штип УГД пред историски предизвик

Три од четирите македонски претставници во европските клупски одбојкарски купови неделава ги...

Останато

Јонузи и Милевска во европска акција, Фасулева продолжува со победите во Албанија

Македонските одбојкарски репрезентативки и интернационалки Ерјона Јонузи и Андротеа Милевска в четврток...

Останато

Ристовски: Го решивме проблемот што 12 години го кочеше македонското пливање

По повеќе од 12 години, македонското пливање конечно исплива на површина. Националната...

Останато

(ФОТО) Изабела Зајков најдобра домашна борачка, БК Бучим Радовиш прв во екипниот пласман!

БК Бучим Радовиш имаше одличен настап на седмото издание на Меѓународниот турнир...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!