Младински фудбалФудбал

ФОТО: Детска недела со Брера: Околу 100 дечиња уживаа во спортска дружба во Струмица

Сподели
Сподели

По повод Детската недела, ФК АП Брера Струмица и ЖФК Тиверија Брера организираа прекрасен спортски настан посветен на најмладите, на кој учествуваа околу 100 дечиња од градинките „Виножито“ и „Детска радост“.

Децата имаа можност преку игра, дружење и забава да ја почувствуваат убавината на спортот, а организаторите уште еднаш ја потврдија својата определба за создавање здрави навики и активна младина уште од најрана возраст.

„Како спортски клубови чувствуваме одговорност да придонесеме во создавањето здрава, активна и среќна младина. Веруваме дека љубовта кон спортот и здравите навики се градат уште од најмала возраст, а токму ваквите дружби се најубавиот начин децата да го почувствуваат спортот преку игра, насмевки и забава“, посочија од двата клуба.

Исто така, клубовите упатија голема благодарност до градинките „Виножито“ и „Детска радост“, до воспитувачките и до сите кои помогнаа настанот да помине во позитивна и весела атмосфера.

Посебна радост за организаторите бил и подарокот кој најмладите го подготвиле за нив.

„А посебно им благодариме на нашите мали другарчиња за прекрасниот подарок што го подготвија за нас! Тој ќе ни остане како убав спомен од ден исполнет со детски насмевки, радост и љубов кон спортот.“

Во реализацијата на настанот свој придонес дадоа и Мартини Болница, кои обезбедија вода и овошје за сите дечиња.

За медиумското покривање на оваа детска спортска дружба, благодарност клубот упати и до Спортска Мрежа.

Брера продолжува да ја гради љубовта кон спортот од најмала возраст – со игра, дружење, насмевки и позитивни вредности.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Успех кој се памти: 4 златни, 3 сребрени и 9 бронзени медали за Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација на силниот меѓународен натпревар „Србија опен 2026“

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација оствари одличен настап на меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Србија опен 2026“, кој се одржа во Нови Сад, Србија. Во...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир Ohrid Winter Cup 2026, кој ќе се одржи од 5 до...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Влазерими на врвот, Караорман го следи лидерот, на дното е Демир Хисар

По седум кола во Трета лига регион 5 лидер на табела е...

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен го декласираше Подгор со ОСУМ гола, Василево го „потопи“ Интер Кукла, Банско со сигурна победа

Екс третолигашот Василево однесе огромна победа на домашен терен совладувајќи го Интер...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!