Ракомет

ВИДЕО: Тиквеш со пресврт до триумф на стартот на „Миле Нешкоски“

Сподели
Сподели

Меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп започна во драматичен стил, со натпревар кој понуди неизвесност до самиот крај. Во салата „Ристе Ристески – Ричко“, ГРК Тиквеш од Кавадарци со 23:22 го совлада РК Бутел Скопје.

  • ЦЕЛИОТ НАТПРЕВАР: БУТЕЛ – ТИКВЕШ

Скопскиот состав имаше одлично прво полувреме и на паузата замина со 15:11, но Тиквеш во продолжението одигра далеку подобро и чекор по чекор ја анулираше негативата.

Најголем придонес во пресвртот имаше Бен Мохамед Азис, кој со 7 погодоци беше прв стрелец на Тиквеш и на натпреварот. Коцев Димитар и Ончев Тоше постигнаа по пет гола.

Кај Бутел, најефикасен беше Дејан Михајловиќ со пет погодоци, додека Лука Јовиќ и Тео Тодески додадоа по четири, но тоа не беше доволно за позитивен резултат.

Во завршницата се играше гол за гол, а Тиквеш успеа да го задржи водството и да слави со минимални 23:22.



Турнирот продолжува со нов интересен натпревар – следува пресметката меѓу домаќинот РК Прилеп 2010 и РК Мулти Есенс.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна игра славеа над Струга со 33-16. Избраниците на Борис Ројевиќ уште...

Кошарка

Суперкупот и купот на Македонија ќе се игра во Куманово, потпишана е соработка со КФМ

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, потпиша Меморандум за соработка со Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), со што дополнително се зајакнува партнерството меѓу...

Поврзани написи
Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна...

Ракомет

ФОТО: Младост прокоцка голема предност и на крај загуби од Прилеп

Ракометарите на Младост беа на чекор од првата сезонска победа, но на...

Ракомет

Охрид ‘безмилосен’ во Езерското дерби: „Гладијаторите“ со убедливи 33-16 против Струга

ГРК Охрид стигна до првата победа во новата сезона во Супер лигата,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!