Ракомет

ЖРК Овче Поле СУ на подготовки во Претор, клубот од Свети Николе ќе цели кон Супер лига

Сподели
Сподели



Женскиот ракометен клуб Овче Поле Славјански Универзитет од Свети Николе ги започна подготовките за новата сезона во Првата лига, со јасно поставена цел – пласман во Супер лигата.

Ракометарките од Свети Николе главната фаза од подготовките ќе ја одработат во Претор, Ресен, каде што од клубот велат дека имаат одлични услови за работа. Во овој период акцентот е ставен пред сè на општата физичка подготовка, по што тимот ќе продолжи со тактичко-техничкиот дел од подготовките и контролните натпревари.

Овче Поле СУ во новата сезона влегува со сериозни амбиции. Минатата сезона тимот беше многу блиску до обезбедување на второто место и пласман во баражот за Супер лигата, па сега раководството прави дополнителни напори за да се направи состав кој ќе може да го направи последниот чекор кон елитното друштво.

Составот претрпе одредени промени, но клубот успеа да ги задржи и продолжи соработките со неколку важни ракометарки. Нови договори потпишаа Јована Ангеловска, Јована Конева, Јана Ристовска и Викторија Димчева, додека продолжена е соработката и со младата голманка Стефани Ѓоргиева.

Ѓоргиева минатата сезона беше дел од кадетската екипа, а во новата сезона ќе биде приклучена кон сениорскиот состав и ќе го формира голманското трио заедно со Дона Маркоска и Ивана Станчева.

Светиниколскиот состав доби и неколку нови имиња. Од кадетската екипа на Вардар пристигнува Натали Маџовска, родена 2008 година, која игра на позицијата лев бек. Ново име е и Андонела Ангелковиќ, родена 2013 година, која настапува на позицијата десно крило, а во Овче Поле СУ доаѓа од пионерската екипа на Спартак.



Дополнителни засилувања се и Михаела Николовска, која игра на позицијата кружен напаѓач и пристигнува од Куманово, како и Стефанија Павловска, која ќе биде опција на позицијата лево крило.

Со комбинација на искусни ракометарки и млади таленти, Овче Поле СУ гради состав кој треба да биде конкурентен во битката за врвот на Првата лига.

Целта е јасна – по минатогодишниот чекор до баражот, оваа сезона Свети Николе сака да направи чекор повеќе и да обезбеди место во Супер лигата.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Победа Валандово славеше среде Свети Николе и се одвои на врвот: Шата херој на „Калинкарите“, без голови во Берово и Виница

Победа Валандово оствари минимален, но исклучително важен триумф на гостувањето кај Овче Поле. „Калинкарите“ славеа со 0:1 среде Свети Николе во дербито на...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Ржаничино ја прегази Медана, Победа Валандово го декласираше Топ Грлс, три бода за Башкими

Денес беа одиграни три натпревари од 2. коло во Втората женска фудбалска лига. Рундата не е комплетна и ќе биде затворена на 8...

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Македонија со познати термини за битката за ЕП 2028!

Македонската ракометна репрезентација во ноември ќе го започне патот кон Европското првенство...

Ракомет

Еурофарм Пелистер се рехабилитира со убедлива победа кај Бутел

Еурофарм Пелистер вчера стигна до сигурна победа во Супер машката лига, откако...

Ракомет

Томовски повторно ,,непробоен ѕид”: 14 одбрани против Фуксе Берлин!

Мартин Томовски продолжува да ја потврдува својата одлична форма во Бундеслигата. Македонскиот...

Ракомет

Драма до последна секунда: Прилеп и Струга си поделија по бод!

Прилеп и Струга одиграа неизвесен натпревар во 5. коло од Супер машката...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!