Втора женска фудбалска лигаФудбал

Ржаничино ја прегази Менада, Победа Валандово го декласираше Топ Грлс, три бода за Башкими

Сподели
Сподели

Денес беа одиграни три натпревари од 2. коло во Втората женска фудбалска лига. Рундата не е комплетна и ќе биде затворена на 8 октомври, кога во Охрид ќе се сретнат Билјанини Извори и ланскиот прволигаш Топ Гол, во нaтпревар со почеток од 15:30 часот.

Најубедлив триумф оствари Победа Валандово, која на домашен терен славеше со високи 9:1 против дебитантот Топ Грлс од Охрид.

Охриѓанки уште во 2. минута преку Валерија Стојкоска го отворија резултатот. Сепак, следуваше целосен пресврт и вистински голгетерски натпревар на домашниот состав.

Анастасија Ристова и Делфина Јованова постигнаа по четири гола, додека еден погодок запиша Ива Вејлозов, за конечни 9:1.

Интересен натпревар одиграа и Менада и Ржаничино, во дуел на два дебитанти кои имаат високи амбиции и желба да се борат за пласман во Првата женска фудбалска лига. Ржaничино на гостински терен славеше со 2:6.

За Менада двапати во листата на стрелците се запиша Ева Андонова, додека кај победничкиот состав по два гола постигнаа Теодора Јанковска и Љубица Асановиќ. По еден погодок додадоа Михаела Симоновска и Миа Закев.

До убедлива победа стигна и Башкими, која со 0:4 ја совлада Плачковица. Главна фигура во триумфот беше Рона Камбери, која постигна два гола, додека по еднаш погодија Елина Бајрами и Бељкиса Фетаи.

Втората рунда во Втората женска фудбалска лига ќе биде комплетирана на 8 октомври во Охрид, со дуелот меѓу Билјанини Извори и Топ Гол.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У15 со убедлива победа над Панама го отвори Светското првенство во Баку

Младата репрезентација на Македонија до 15 години со триумф го отвори настапот на Светското првенство во форматот 7+1, кое се одржува во Баку,...

Ракомет

Блажески: Охрид не чувствува притисок од европската круна, целта е нов успех!

ГРК Охрид со уште една убедлива победа над Спор Тото ја потврди својата доминација во второто коло од ЕХФ Европскиот Куп. По триумфот...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Реми без голови во Крива Паланка на Осогово и Козјак

Седмото коло во Трета лига регион 2 беше отворено денес во Крива...

Трета лигаФудбал

Убедлива победа за БВК Коњаре, Ржаничино до три бода преку пресврт

БВК Коњаре со убедлива победа го отвори 7. коло во Трета лига...

Прва лигаФудбал

ФФМ: Сите три ВАР-одлуки на дербито Шкендија – Вардар беа исправни

Дерби натпреварот меѓу Шкендија и Вардар, од 11. коло во Прва МФЛ,...

Прва лигаФудбал

Струга Трим Лум убедлива против Скопје, Шкендија и Вардар ремизираа во дербито во Гостивар

Струга Трим Лум забележа убедлива победа од 4-0 над Скопје во првиот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!