Трета лигаФудбал

ФОТО: Нова победа на амбициозниот Илинден, триумф над Башкими Љуботен

Сподели
ФОТО: ФК Илинден
Сподели

Амбициозниот третолигаш Илинден продолжува да нижи победи, но и да ги полни мрежите на противниците на патот кон обезбедување на првото место во Трета лига регион 1 кое води кон баражот за Втора лига.

Илинден денес на домашен терен со 3:0 славеше убедливо над Башкими Љуботен, во воведниот меч на 4. коло.

Резултатот беше отворен во 31. минута со автоголот на Рамадан Ибраимов за водство на домаќинот на полувреме со еден гол. Во вториот дел Бурхан Алији во 59. минута ја дуплираше предноста, а Ален Јашароски ги постави конечните 3:0.

Колото се комплетира утре со останатите средби.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Победа Валандово остана на врвот, Овче Поле со пресврт, Брегалница славеше во Дојран, Каменица Саса со сигурен триумф над „фенерџијата“

Победа Валандово со минимален триумф над Хоризонт Турново останува на врвот во од табелата во Третата лига – Регион 3. Каменица Саса остана...

Втора лигаФудбал

Голем триумф за Камјани, дебитантот во финишот ги освои бодовите против Еуромилк и изби на четвртото место

Во судиското продолжение Камјани стигна до триумф над Еуромилк ГЛ и изби на четвртото место со што се комплетира 12. коло на Втората...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Струга Трим Лум со комплетен пресврт славеше над Брегалница во Штип и го сочува врвот

Иако имаа негатива по првите 45. минути, фудбалерите на Струга ТЛ триумфално...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!