Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Катар: Червар подобар од Вујовиќ

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели



Еурофарм Пелистер со убедлива победа ги започна контролните натпревари во рамки на подготовките за новата сезона. Битолчани славеа со 36-24 против репрезентацијата на Катар, во натпревар кој донесе и интересен тренерски дуел.

Избраниците на Лино Червар уште од самиот почеток го презедоа контролата врз играта и на полувремето имаа шест гола предност – 18-12. Во вториот дел битолскиот тим продолжи во ист ритам, постепено ја зголемуваше разликата и на крајот стигна до убедлив триумф од 12 гола.

За Червар ова беше деби на клупата на Еурофарм Пелистер, а на спротивната страна беше неговиот добро познат ривал Веселин Вујовиќ, кој ја предводи репрезентацијата на Катар.

Средбата беше своевидно потсетување на големите тренерски пресметки од периодот кога Червар и Вујовиќ ги предводеа Металург и Вардар, со кои создадоа едно од најголемите ривалства во македонскиот ракомет.

За Еурофарм Пелистер ова е добра најава на подготовките, а битолчани продолжуваат со тестирањето на формата и воигрувањето на тимот.
Следниот контролен натпревар ќе го одиграат против словенечка Крка.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Победа Валандово славеше среде Свети Николе и се одвои на врвот: Шата херој на „Калинкарите“, без голови во Берово и Виница

Победа Валандово оствари минимален, но исклучително важен триумф на гостувањето кај Овче Поле. „Калинкарите“ славеа со 0:1 среде Свети Николе во дербито на...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Ржаничино ја прегази Медана, Победа Валандово го декласираше Топ Грлс, три бода за Башкими

Денес беа одиграни три натпревари од 2. коло во Втората женска фудбалска лига. Рундата не е комплетна и ќе биде затворена на 8...

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Македонија со познати термини за битката за ЕП 2028!

Македонската ракометна репрезентација во ноември ќе го започне патот кон Европското првенство...

Ракомет

Еурофарм Пелистер се рехабилитира со убедлива победа кај Бутел

Еурофарм Пелистер вчера стигна до сигурна победа во Супер машката лига, откако...

Ракомет

Томовски повторно ,,непробоен ѕид”: 14 одбрани против Фуксе Берлин!

Мартин Томовски продолжува да ја потврдува својата одлична форма во Бундеслигата. Македонскиот...

Ракомет

Драма до последна секунда: Прилеп и Струга си поделија по бод!

Прилеп и Струга одиграа неизвесен натпревар во 5. коло од Супер машката...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!