Кошарка

КК Пелистер ги откри новите структури во клубот и го назначи Тане Спасев за тренер

Сподели
ФОТО: КК Пелистер
Сподели

КК Пелистер влегува во нова етапа од своето функционирање, откако на редовното годишно собрание беа избрани новите раководни тела на клубот.

Нов претседател е Бојан Давков, поранешен капитен на битолскиот тим, додека функцијата спортски директор ќе ја извршува Предраг Созовски, кој во минатото беше дел од Пелистер и како кошаркар и како тренер. Формиран е и нов Борд на директори кој ќе биде задолжен за управувањето со клубот, а единствен акционер и натаму останува Општина Битола.

Првиот значаен потег на новото раководство беше изборот на шеф на стручниот штаб. Довербата му е укажана на искусниот стратег Тане Спасев, кој по повеќегодишна меѓународна кариера се враќа во македонската кошарка и ќе го предводи Пелистер во новата сезона.

Спасев е роден во Штип и во својата тренерска кариера има работено во неколку европски клубови. Беше дел од украински Кривбас, асистент во турски Турк Телеком, а како главен тренер ги водеше Асеко Проком од Гдиња и Легија Варшава. Исто така, беше член на стручниот штаб на Химки, каде соработуваше со познатиот тренер Душко Ивановиќ.

Во Битола доаѓа по ангажманите во Романија, каде ја водеше репрезентацијата до 20 години, како и од Полска, каде до март годинава беше тренер на Лоѓ.

Новиот тренер потпиша договор на една сезона и веќе започна со креирањето на ростерот за натпреварувачката 2026/27. Во клубот најавуваат дека првите засилувања се веќе договорени, а нивното официјално претставување пред јавноста ќе следува наскоро.

Промоцијата на Тане Спасев како нов тренер на Пелистер ќе се одржи на стартот на подготовките на екипата во Битола.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

Михаил Стојанов е ново засилување за КК Кожув

КК Кожув го претстави своето ново засилување за сезоната – 21-годишниот македонски бек Михаил Стојанов. Стојанов е висок 185 сантиметри, а во изминатите...

Прва лигаФудбал

Промена на теренот: ГФК Тиквеш и ФК Скопје ќе играат на ФФМ

Од ГФК Тиквеш информираат дека утрешниот натпревар од 4. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) против ФК Скопје ќе претрпи промена на...

Поврзани написи
Кошарка

Михаил Стојанов е ново засилување за КК Кожув

КК Кожув го претстави своето ново засилување за сезоната – 21-годишниот македонски...

Кошарка

КК Соколи 1933 стартуваа со подготовките за новата кошаркарска сезона

Кошаркарскиот клуб Соколи 1933 вчера го одржа првиот тренинг под водство на...

Кошарка

Македонскиот репрезентативец Кристијан Николов потпиша за КК Работнички

КК Работнички АД Скопје продолжува со формирањето на тимот за новата сезона,...

Кошарка

Тане Спасев: Пелистер е клуб со реноме, акцентот ќе биде ставен на младите кошаркари

Новиот тренер на Пелистер, Тане Спасев, ги сподели своите очекувања пред почетокот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!