РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезетнација до 18 години со победа над Црна Гора

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа победа од 1:0 против Црна Гора на пријателскиот натпревар одигран во Охрид.

Македонија имаше одлична можност да дојде до предност во 21. минута, кога Андреј Цветковски се најде во добра позиција, но неговиот удар заврши покрај стативата.

Во продолжението од натпреварот двете селекции имаа свои моменти, а Македонија до водство стигна во 60. минута. Васко Папалиски погоди за 1:0 со прекрасен волеј удар и го постави конечниот резултат.

Во 65. минута, Цветковски повторно се најде во можност за погодок, но гостинскиот голман одлично интервенираше и спречи зголемување на предноста.

До крајот избраниците на Влатко Колев одиграа дисциплинирано и успеаја да ја сочуваат минималната предност за победа против квалитетна селекција на Црна Гора.

„Задоволен сум од победата, особено ако се има предвид против кого игравме. Црна Гора е селекција која во последниот период покажа квалитет и успеа да се пласира на големо натпреварување. Ние во овој натпревар бевме и без неколкумина стандардни фудбалери од оваа генерација, кои во моментов настапуваат за повозрасните репрезентативни селекции. Тоа значи дека дадовме можност на други момци да покажат што знаат и мислам дека добро ја искористија шансата. Бевме дисциплинирани, борбени и во клучните моменти реагиравме добро. Секако, има работи на кои треба да работиме и да ги подобруваме, но ваква победа против силен противник е добар показател и дополнителен мотив за оваа генерација“, рече селекторот Влатко Колев.

Сподели

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Успех кој се памти: 4 златни, 3 сребрени и 9 бронзени медали за Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација на силниот меѓународен натпревар „Србија опен 2026“

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација оствари одличен настап на меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Србија опен 2026“, кој се одржа во Нови Сад, Србија. Во...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир Ohrid Winter Cup 2026, кој ќе се одржи од 5 до...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија до 15 години ја совлада и Малта на Светското првенство во Баку

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 15 години оствари победа од 3:1...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!