Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

Сподели
ФОТО: ОК Штип УГД
Сподели

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти за македонската одбојка – јубилејното 50. издание на меморијалниот турнир и премиерното издание на Супер купот на Македонија.

Програмата ќе биде отворена со машкиот натпревар, во кој од 17 часот во салата на ДСЕУ „8. Септември“ во Тетово ќе се соочат минатогодишниот освојувач на првенството и Купот, УГД Штип, и ГОК Борец, кој минатата сезона беше финалист во двете натпреварувања.

Двата тима добро се познаваат, иако во текот на летната пауза претрпеа промени во играчкиот состав. За нив, „Чајка“ Супер купот претставува одлична генерална проба пред официјалниот старт на новата сезона.

Воедно, настапот на јубилејното издание на меморијалниот турнир носи и дополнителна тежина. Штипјани и Велешани се согласни дека е чест и задоволство да се биде дел од ваков настан, но и обврска пред публиката да понудат квалитетна и атрактивна одбојкарска претстава.

„Пред сè, задоволство ни е што ќе бидеме дел од првото издание на Чајка Супер купот. Сметам дека ова е одлична можност за промоција на македонската одбојка и уште еден квалитетен натпревар кој ќе привлече внимание кај одбојкарската јавност. Бидејќи натпреварувањето се одржува за прв пат, имаме и дополнителна обврска да пристапиме максимално сериозно, мотивирано и да се претставиме во најдобро светло. За противник ја имаме екипата на ГОК Борец, тим составен од квалитетни домашни и странски играчи кои добро ги познаваме. Во изминатите четири години немаме пораз во меѓусебните дуели, но тоа за нас не значи ништо пред почетокот на овој натпревар. Станува збор за еден меч, за трофеј, и свесни сме дека и двете екипи ќе влезат со голема желба за победа. Нашата цел е да одиграме квалитетно, дисциплинирано и со максимална енергија од првиот до последниот поен. Верувам дека публиката ќе има можност да гледа вистински одбојкарски спектакл, со многу атрактивни поени, борбеност и неизвесност до самиот крај. Се надевам дека со добра одбојка ќе го одбележиме првото издание на Чајка Супер Купот на најдобар можен начин“, вели тренерот на УГД Штип, Кристиан Ристески.

Истото мислење го делат и во таборот на ГОК Борец.

„Чест и задоволство е да се игра на ваков јубилеј 50. години Чајка и прв Супер куп. Оваа година ќе ја заокружиме со уште едно финале на првиот Супер куп по двете финалиња во првенството и Купот од ланската сезона. За нас како клуб, кој слави јубилеј 70-години од формирањето (1956), навистина успешна, плодна година. Конкретно за натпреварот, нашата екипа ќе игра во изменет состав од претходната сезона. Новите играчи треба да се адаптираат на играта и тимскиот дух на екипата, и фаворитската улога му ја препуштаме на противникот УГД Штип. Сепак секоја шанса или момент на опуштање на ривалот ќе се обидеме да ги искористиме. Се надеваме дека ќе го дадеме максимумот и ќе се претставиме во најдобро светло, како што доликува за еден ваков јубилеј“, потенцира Петре Жабев, предводникот на ГОК Борец.

Машкиот дуел во „Чајка“ Супер купот ќе биде најава дуелот во женска конкуренција, кој ќе се игра од 19:30 часот, а во кој ќе се сретнат шампионот Работнички Скопје и освојувачот на куп-титулата Вардар ЕМ.

 

 

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026 година, Вардар ЕМ, ќе ги одмерат силите во женскиот натпревар од...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти за македонската одбојка – јубилејното 50. издание на меморијалниот турнир и...

Поврзани написи
Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026...

Останато

Калин Ивановски го заврши настапот на Челинџерот во Палермо

Македонскиот тенисер Калин Ивановски го заврши настапот на Челинџер 50 турнирот во...

Останато

Газели Волеј со две интернационални засилувања: Сохила Вафек и Николета Капици во составот за новата сезона

Газели Волеј го комплетира составот за сезоната 2026/27 со две интернационални засилувања....

Останато

(ВИДЕО) По 11 години Охрид конечно ќе добие затворен базен: Обезбедени 470 милиони денари за завршување на проектот

По речиси 11 години од започнувањето на изградбата, затворениот базен во Охрид...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!