Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Војдан Стојановски: Нема лесни противници, мора да бидеме максимално подготвени

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Капитенот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Војдан Стојановски, со оптимизам гледа на исходот од ждрепката за вториот круг од претквалификациите за ФИБА Евробаскет 2029.

Македонската селекција ќе се натпреварува во групата „Ф“, каде што за ривали ги доби репрезентациите на Австрија и Кипар. „Црвено-жолтите“ ќе одиграат вкупно четири натпревари, а целта е освојување на првото место кое води во квалификациите за Европското првенство.

Иако Македонија има позитивен биланс во досегашните пресметки со двете селекции, Стојановски истакнува дека тоа не смее да биде причина за опуштање. Според капитенот, потребен е максимално сериозен пристап, целосна посветеност и квалитетни настапи за да се исполни следната голема цел – пласман во квалификациите за ФИБА Евробаскет 2029.

„Би рекол дека, пред сè, најважно е да бидеме сите здрави, а уште поважно е да бидеме комплетни. Селекторот да ги има на располагање сите играчи, бидејќи има неколку кошаркари кои не беа дел од овој прв претквалификациски циклус, во кој остваривме максимален резултат.

Факт е дека имаме нешто полесни противници во втората рунда, но тоа е само на хартија. Во кошарката одамна нема лесни натпревари и фаворити однапред. Пред нас се нови четири средби, а ние мора да одиме чекор по чекор.

За разлика од овој циклус, во августовскиот ќе имаме помалку денови за подготовки. Но, доколку сме сите на број и го достигнеме вистинското ниво, верувам дека ќе имаме уште поголеми шанси да ја оствариме главната цел – пласман во квалификациите за следното Европско првенство“ – изјави капитенот на Македонија.

Македонската репрезентација во вториот круг од претквалификациите ќе стартува на 30 август, а во групата „Ф“ ќе се соочи со Австрија и Кипар. Само најдобропласираната селекција ќе обезбеди место во квалификациите за ФИБА Евробаскет 2029.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!