Кошарка

Крива Паланка и Баскет Кам 2011 за првиот трофеј во новата сезона: Суперкупот носи голема пресметка

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Новата сезона во женската кошарка во Македонија започнува со директна пресметка за трофеј. Вечерва од 18:00 часот, во салата „Бранители 2001“ во Крива Паланка, актуелниот шампион Крива Паланка ќе се соочи со освојувачот на Купот на Македонија, Баскет Кам 2011 од Македонска Каменица, во натпреварот од женскиот Суперкуп „Драган Василов – Цевка“.

Ова ќе биде шесто издание на Суперкупот, а за трофејот ќе се борат двете екипи кои минатата сезона стигнаа до најзначајните домашни трофеи. Домашниот состав ќе има можност пред својата публика да стигне до својот прв Суперкуп, додека Баскет Кам 2011 во Крива Паланка ќе се обиде да ја продолжи својата доминација во ова натпреварување.

Екипата од Македонска Каменица е актуелен освојувач на Суперкупот и ги освои последните четири изданија, почнувајќи од 2022 година. Минатата сезона Баскет Кам 2011 во финалето беше подобар од Вардар.

За Крива Паланка, пак, ова е можност успешната мината сезона да биде дополнета со уште еден трофеј, но и новата сезона да започне на најдобар можен начин. Шефот на стручниот штаб, Виктор Петровски, очекува неговите кошаркарки да покажат што сработиле во подготвителниот период.

„Секогаш првиот натпревар носи одредена посебна енергија, особено кога станува збор за натпревар за трофеј. За нас ова е можност да покажеме до каде сме стигнале со подготовките и да ја пренесеме работата од тренинзите на терен. Свесни сме дека сезоната е долга, но сакаме да започнеме со трофеј за уште посилен мотив пред стартот на првенството“, вели Петровски.

Тренерот на шампионот очекува неизвесен натпревар, во кој според него деталите би можеле да имаат големо значење.

„Очекувам квалитетен и неизвесен натпревар во кој деталите ќе имаат големо значење. Баскет Кам е екипа со големо искуство, со играчи кои повеќе години се заедно, но ние сакаме да го наметнеме нашиот ритам. Подготвени сме за предизвикот и верувам дека ќе ги покажеме карактерот, енергијата и тимскиот дух што ги имаме и ќе го потврдиме шампионскиот менталитет“.



Крива Паланка во новата сезона влегува со значително подмладен состав и одредени промени во ростерот, но Петровски има целосна доверба во своите кошаркарки.

„Имаме одредени промени во ростерот, тимот е значително подмладен и нормално е дека ни треба време за целосно да се воиграме. Но, она што многу ми се допаѓа е карактерот на мојата екипа и начинот на кој девојките работат, како едно. Многу им верувам на моите играчи и верувам дека со секој одигран натпревар ќе изгледаме сè подобро и подобро“.

И Баскет Кам 2011 во новата сезона влегува со драстично променет состав. Од клупата тимот од Македонска Каменица ќе го предводи Јордан Цветановски, кој очекува сериозен предизвик против актуелниот шампион.

„Не очекува тежок натпревар против Крива Паланка, која е квалитетна екипа и актуелен шампион. Ние, иако не сме комплетни, веруваме во нашите квалитети. Ќе дадеме максимум од првата до последната минута и се надевам дека ќе успееме да го освоиме Суперкупот“, вели Цветановски.

Суперкупот традиционално го носи директниот дуел меѓу шампионот и освојувачот на Купот, а оваа година дополнителна тежина има и фактот што двете екипи влегуваат со променети состави.

Натпреварот се игра вечерва во 18 часот во спортската сала „Бранители 2001“ во Крива Паланка.

Прв освојувач на Суперкупот во 2011 година беше екипата на Бадел 1862 од Скопје, а потоа Баскет Кам 2011 од Македонска Каменица четирипативо низа го освојуваше Суперкупот, односно во 2022 година, 2023, 2024 и во 2025 година. Дали „рударките“ ќе го освојат по петти пат, или пак тоа ќе биде по првпат Крива Паланка.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Општина Битола му оддаде признание на младиот боксер Арабел Рустемовски за освоениот бронзен медал на Европското првенство

Младиот боксер Арабел Рустемовски, кој освои бронзен медал на Европското првенство за боксери до 17 години во Будва, Црна Гора, беше примен во...

Останато

ММА спектакл во Скопје: ФНЦ за првпат во Македонија со 11 борби, министерот за спорт Борко Ристовски со поддршка за настанот!

Министерот за спорт, Борко Ристовски, вчера присуствуваше на прес-конференцијата по повод одржувањето на „FNC 34 Fight Nation Championship“, првиот настан на една од...

Поврзани написи
Кошарка

Втор евро-пораз за МЗТ Скопје, Тарту го освои Аеродром со тројка во самиот финиш!

МЗТ Скопје Аеродром го претрпе и вториот пораз во првата фаза од...

Кошарка

Кожув гостува во Штип, дерби на Пелистер и Работнички, Скопје домаќин на Струмица

Третото коло на кошаркарската Суперлига ќе се игра во три дена, истото...

Кошарка

Стартуваше трката за место во Суперлигата, Гостивар броеше до 134, Стојанов блесна со 35 поени!

Со висока ефикасност, убедливи победи и одлични индивидуални настапи започна новата сезона...

Кошарка

Струмица со неверојатен финиш го сруши Пелистер и ја запиша првата победа во Суперлигата!

Кошаркарите на Струмица 2001 ја остварија првата победа во новата сезона на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!