Кошарка

КФМ го одржа претсезонскиот семинар за судии, делегати и контролори

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Во организација на Судиската комисија при Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), од 25 до 27 септември 2026 година се одржа претсезонскиот Семинар за кошаркарски судии, делегати и контролори, со кој официјално започнаа подготовките за новата натпреварувачка сезона.

Семинарот беше отворен со свечена церемонија во хотелот „Дрим“, на која се обратија генералниот секретар на КФМ, Томче Стојчевски, менаџерот за судии при ФИБА, Мануел Мацони, и претседателот на Судиската комисија, Алија Феревски.

Во рамките на првата вечер беше реализирана и работилница наменета за судиите кои првпат учествуваат на претсезонски семинар. Работилницата ја предводеше Томи Панов, FRIP1, кој преку практични насоки и совети ги запозна новите судии со основните аспекти и текот на семинарот.

Саботната програма започна со физичкиот „Легер“ тест за судиите, кој претставува дел од задолжителната физичка подготовка пред почетокот на сезоната.

Во исто време, делегатите и контролорите имаа посебна сесија на тема „Осврт на контролите од минатата сезона и насоки за претстојната сезона“. Сесијата ја реализираа Блашко Клинчаров и Алија Феревски, со фокус на анализата на досегашната работа и унапредувањето на критериумите и стандардите во претстојната сезона.

Во продолжение следеше интензивна теоретска и едукативна програма за сите учесници, со предавања од домашни и меѓународни предавачи:

• Мануел Мацони, ФИБА Европа – „Развоен пат на судиите“

• Миодраг Личина, ФИБА Европа – „Дисруптивна грешка / Флагрантна грешка“

• Миодраг Личина, ФИБА Европа – „Момент на шут – измени и дополнувања 2026“

• Миодраг Личина, ФИБА Европа – „Покривање на играта (примарен/секундарен одбранбен играч, примарно/секундарно поле на одговорност)“

• Петар Денковски, НИ при КФМ – „Техничка грешка – измени 2026“

• Мануел Мацони, ФИБА Европа – „Контрола на играта, Комуникација под притисок“

• Петар Денковски, НИ при КФМ – „Нови судиски знаци, нови ознаки во Записникот и промени во правилата за IRS“

Работниот ден заврши со рекапитулација на реализираните активности и предавања, по што следеше заедничка вечера и дружење на учесниците на коктел забава.

Неделната програма продолжи со видео-работилница, реализирана од Миодраг Личина и Петар Денковски, како и со сесијата „Анализа на работата на службените лица минатата сезона и препораки за наредната“, која ја презентираше Александар Милојевиќ, комесар на КФМ.

Семинарот заврши со теоретски тест за судии, делегати и контролори, по што следеше свеченото затворање и заеднички ручек.

Со реализацијата на претсезонскиот Семинар 2026/2027, Судиската комисија при Кошаркарската федерација на Македонија продолжува со континуирана едукација и подготовка на службените лица, со посебен акцент на новостите во правилата, унифицирањето на критериумите, контролата на играта, комуникацијата и професионалниот развој на судиите, делегатите и контролорите.

Подготвени за новата сезона – со нови знаења, јасни критериуми и заедничка цел: професионална и квалитетна кошарка на македонските терени

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Кавадарци ќе биде домаќин на 26. меморијален турнир „Вуко Каров и тиквешките легенди“ – три екипи во чест на фудбалските великани

Во сабота на Градскиот стадион во Кавадарци ќе се одржи 26. издание на традиционалниот меморијален турнир „Вуко Каров и тиквешките легенди 2026“, во...

Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10. коло на Суперлигата, меч кој се игра во салата „Билјанини Извори“...

Поврзани написи
Кошарка

Ираклис пресилен за МЗТ Скопје – македонскиот шампион го запиша шестиот пораз во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува без победа во ФИБА Еврокупот,...

Кошарка

ТФТ го затвори шестото коло со драма, четири екипи се израмнија зад МЗТ

ТФТ го совлада МКК Куманово со 89:87 во Скопје и го комплетираше...

Кошарка

КФМ бара итна оставка од претседателот на МОК, Даниел Димевски!

Кошаркарската федерација на Македонија побара итна и неотповиклива оставка од претседателот на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!