Останато

Калин Ивановски го заврши настапот на Челинџерот во Палермо

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Македонскиот тенисер Калин Ивановски го заврши настапот на Челинџер 50 турнирот во Палермо, откако денеска во мечот од првото коло загуби од петтиот носител, Шпанецот Алехандро Моро Кањас, со 2:0 во сетови (6:2, 6:3).

Мечот траеше 110 минути, а Ивановски претходно успешно ги мина квалификациите, во кои оствари две победи над домашните тенисери Ла Вела и Арнаболди, двајцата носители во квалификациите.

Во првиот сет, Моро Кањас направи два брејка, во четвртиот и осмиот гем, со што стигна до убедливи 6:2.

На стартот од вториот сет мечот беше прекинат поради дожд. Првите два гема, пред прекинот, беа исклучително исцрпувачки за двајцата тенисери, со вкупно 30 одиграни поени (16+14).

По продолжението, Ивановски успеа да го одржи резултатот до 3:3, а во седмиот гем имаше две брејк-топки за да дојде до предност. Сепак, Шпанецот успеа да ги спаси и во следниот гем направи брејк, со што повторно ја презеде контролата. Моро Кањас потоа го приведе сетот до крај и славеше со 6:3.

За Ивановски ова беше трет меч во три дена на Челинџерот во Палермо, турнир кој се игра за награден фонд од 56.700 евра.

Со успешното минување на квалификациите, македонскиот тенисер освои три АТП поени.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Дрита непоразена есенски првак, Доброшти остана на минус три бода за лидерот, Лирија со убедлива победа

Дрита со победа од 4:1 над Кораби го заврши последното есенско коло на првото место во Третата лига – Регион 6. Доброшти славеше...

Трета лигаФудбал

Илинден со максимални 33 бода есенски шампион, БВК Коњаре и Аеродром во тесна трка зад лидерот

Илинден ја заврши есенската полусезона во Третата лига – Регион 1 со 11 победи од исто толку натпревари. Лидерот во последното коло ја...

Поврзани написи
Останато

Убедлива победа за одбојкарките на Струмица над Универзитет во Тетово

Поранешниот шампион на Македонија, Струмица, забележа убедлива победа од 3:0 во сетови...

Останато

Македонскиот шампион Штип УГД го „прегази“ Работнички за огромна радост на штипјани во „Џексон“

Македонскиот шампион Штип УГД забележа огромна победа над Работнички од Скопје со...

Останато

Формиран Сојузот на училишен спорт на Источниот регион – Александар Андов избран за претседател

Со цел унапредување, развој и поголема афирмација на училишниот спорт, официјално се...

Останато

Три победи и само еден загубен сет: Штип УГД вечерва ја брани серијата против Работнички

Штип УГД вечерва има можност да го продолжи беспрекорниот првенствен почеток. Во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!