Втора лигаФудбал

Дебитантот Камјани не запира: Аљбан Мемеди ново засилување

Сподели
Сподели

Второлигашот Камјани кој за првпат ќе заигра во Втората македонска фудбалска лига продолжува да се екипира и да го подига квалитетот во сопствените редови.

Најново име кое пристигна во редовите на новајлијата е Аљбан Мемеди, кој пристигна од тимот на Брегалница. 22-годишникот со „сините“ од Штип обезбеди пласман во Првата македонска фудбалска лига, а низ кариерата беше дел од Кожуф, Башкими, Воска Спорт, Детонит Плачковица, тетовска Шкендија, Куманово Еуроспорт, Милано Куманово, а меѓународна кариера градеше во Косово настапувајќи за екипата на Лирија.

Мемеди игра како централен напаѓач, а може да игра и како лево крило, а носи и прволигашко искуство.

Новата сезона Камјани ја стартува во Битола против Пелистер, а првото коло се игра на 15 август.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Станковски: Задоволен сум од настапот на Мундијалот, генерација со многу талентирани играчи

Репрезентација на Македонија до 15 години (генерација 2011) во периодот од 22. октомври до 1. ноември беше дел од Светското првенство во натпреварувањето...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!