Ракомет

Охрид не ја доби посакуваната вајлд-карта, Еурофарм Пелистер единствен македонски претставник во Лигата на Европа

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Еурофарм Пелистер ќе биде македонскиот претставник во групната фаза од Лигата на Европа во новата сезона, додека ГРК Охрид ќе ги продолжи настапите во ЕХФ Европскиот Куп.

Битолскиот тим ќе биде сместен во првиот шешир пред ждрепката за групите, која е закажана за 17 јули. Првите натпревари во второто по ранг европско клупско натпреварување ќе се играат на 29 и 30 септември.

Местото во Лигата на Европа му припадна на Еурофарм Пелистер откако Вардар доби место во Лигата на шампионите. Со тоа, битолчани ја преземаа квотата што според ранкингот беше наменета за македонскиот шампион, додека Европската ракометна федерација не го прифати барањето на Охрид за настап во ова натпреварување.

Во групната фаза од Лигата на Европа, двете најдобро пласирани екипи од секоја група ќе обезбедат директен пласман во нокаут-рундата, каде ќе им се приклучат и третопласираните и четвртопласираните состави од групите во Лигата на шампионите.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

ФОТО: Пелистер ги започна подготовките за новата сезона – целта е враќање во Прва лига

Пелистер под водство на новиот шеф на стручниот штаб Борче Христов ги започна подготовките за новата сезона. Битолчани имаат една јасно поставена цел...

Турнири

Хотел и Спа Инекс Олгица и Др. Баткоски се „распукаа“ за влез во полуфиналето на „Петровден 2026“ во Мешеишта

Екипите на Хотел и Спа Инекс Олгица и Др. Баткоски многу лесно се пласираа во големото полуфинале на турнирот во мал фудбал „Петровден...

Поврзани написи
Ракомет

ФОТО: РК Радовиш го формира тимот за новата сезона, потпишани десет ракометари

Ракометниот клуб Радовиш ги започна активностите околу формирањето на играчкиот кадар за...

Ракомет

Се враќа голгетерот: Наум Костов повторно во Куманово

Куманово ќе има добро познато име во своите редови за претстојната сезона,...

Ракомет

Талески потпиша за Охрид: „Охрид заслужува големи ракометни успеси“

ГРК Охрид продолжува со сериозното засилување на играчкиот кадар за новата сезона,...

Ракомет

Ракометарките на Струга 2024 на прием кај градоначалникот Ќура по успешната сезона и освоеното трето место

Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, оствари средба со ракометарките на Женскиот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!