Ракомет

ФОТО: Младост прокоцка голема предност и на крај загуби од Прилеп

Сподели
Сподели

Ракометарите на Младост беа на чекор од првата сезонска победа, но на крај беа поразени со 29:30 од Прилеп во преполната сала „Млаз“ во Богданци, откако на стартот од вториот дел тимот на Горан Андоновски имаше највисока предност од 19:12.

По играта гол за гол до 3:3, домашниот тим започна да бара гол предност и започна на гради предност која беше 8:5, а потоа и 9:6, а на полувреме Младост имаше предност од 15:10.

Во вториот дел падна Прилеп со што Младост тоа го искористи за да може да дојде до 19:12, а од тогаш кога Наум Танески побара тајм-аут успеа да намали Прилеп и да ја топи таа предност.

На 29:28 на празен гол успеа да реализира Димитриоски откако Илиќ за „влакно“ не успеа да стигне да интервенира, за потоа Димитриоски да постигна уште еден гол за победа.

Владимир Бојаниќ беше прво име кај Младост со седум погодоци, а пак Даниел Андоновски и Ѓорѓе Ѓуриќ имаа по шест гола, кај Прилеп прво име беше Димитри Димитриоски со десет погодоци, сите во вториот дел и беше најзаслужен за победа на неговиот тим.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Иљами Исејни го објави списокот на фудбалери за УЕФА квалификациите за Македонија до 17 години

Селекторот на македонската репрезентација до 17 години, Иљами Исејни, го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за претстојниот квалификациски турнир за...

Прва лигаФудбал

Трите бодови останаа во Кавадарци: Тиквеш со минимален резултат го доби Скопје

Тиквеш го совлада Скопје со 1-0 во првиот натпревар од 13.коло во Првата фудбалска лига. Тимот од Кавадарци имаше многу шанси, но Кристијан...

Поврзани написи
Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

РакометРакометна репрезентација

Кадетите на Македонија со две проверки против младинската репрезентација

ЕХФ неделата ќе донесе меѓусебни дуели меѓу македонските кадетски и младински ракометари....

РакометРакометна репрезентација

ФОТО: Сè е подготвено за Луксембург – Македонија го одработи последниот тренинг!

Македонската машка ракометна репрезентација ги привршува подготовките за почетокот на квалификацискиот циклус...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!