Трета лигаФудбал

Третолигашот БВК Коњаре се засили со Јусуф Алиу, продолжена соработката со Руфат Чилафи

Сподели
Сподели

Третолигашот БВК Коњаре ќе има високи амбиции за следната сезона, откако клубот го промовираше Јусуф Алиу, а ја продолжи соработката со Руфат Чилафи.

Се работи за искусни фудбалски имиња со кои значително се подига квалитет во сопствените редови, потврда дека БВК Коњаре ќе цели на прво место и шампионски пехар во Трета лига Регион 1 и обезбедување на бараж за Втора лига.

Алиу кој има 25 години кариерата ја започна во Шкупи, од каде потоа заигра за Велазерими од Кичево, беше дел од Охрид, Беса од Добри Дол, Тетекс, Детонит Плачковица, Шкендија Арачиново и последно Беса од Сарај.

Станува збор за играч со прволигашко искуство кој дефинитивно ќе направи разлика во квалитет.

Чилафи, кој има 24 години и во следната сезона ќе го носи дресот на БВК Коњаре. Во минатото настапуваше за Шкендија Арачиново обезбедувајќи пласман од Трета лига – Север во Втора лига, Тетекс и Македонија ЃП од каде и ја започна кариерата.

Претходно, клубот се засили со Флорент Османи, голманот Бурхан Мустафа и Иљаз Чилафи.

Сподели

Не пропуштајте

Втора женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Башкими службено го доби мечот со ЖФК Менада, клубот од Тетово и фудбалерката пред Дисциплинска комисија

ЖФК Башкими 2024 службено го доби натпреварот со Менада од првото коло во Втората македонска женска фудбалска лига, откако Комисијата за женски фудбал...

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026 година, Вардар ЕМ, ќе ги одмерат силите во женскиот натпревар од...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

ФОТО: Детска недела со Брера: Околу 100 дечиња уживаа во спортска дружба во Струмица

По повод Детската недела, ФК АП Брера Струмица и ЖФК Тиверија Брера...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект подготвува голема трансфер „бомба“

Македонскиот футсал шампион Проект кој минатата сезона ја освои по првпат двојната...

Прва лигаФудбал

Деветтото коло на ПМФЛ во три дена: Тиквеш – Брегалница во 12 часот, Башкими и Струга го затвораат колото

Деветтото коло на Првата македонска фудбалска лига се отвара во сабота во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!