Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна игра славеа над Струга со 33-16. Избраниците на Борис Ројевиќ уште од самиот почеток го контролираа натпреварот, а со одличната игра во двата правци не ѝ дозволија на Струга да се врати во мечот.

Посебно впечатлив беше амбиентот во „Билјанини Извори“, каде што трибините беа исполнети, а поддршка за своите екипи дадоа и двете навивачки групи. За значењето на атмосферата и чувството да се игра пред полни трибини, за Спортска Мрежа говореше и Мартин Ивановски, од таборот на Охрид, кој го истакна значењето на поддршката од публиката.

„Искрено, секогаш кога играат овие две екипи – и во минатото и сега, а и допрва ќе биде исто – атмосферата ќе биде жешка. Беше навистина убаво чувството да се игра пред толку публика, и пред двете навивачки групи. Благодарност до нив што дојдоа, и што ги поддржуваа своите фаворити.“- изјави Ивановски за Спортска Мрежа.

ФОТО: ГРК Охрид

Охрид во текот на целиот натпревар делуваше како поквалитетен и посигурен противник, што на крајот резултираше со убедлива разлика од 17 голови. Ивановски смета дека тимот бил добро подготвен за дуелот, а покрај квалитетот на составот, како важен фактор ја посочи и предноста на домашниот терен, дополнета со силната поддршка од трибините.

„Мислам дека ние добро бевме подготвени за овој натпревар, а сметам дека сме поквалитетни од Струга, и тоа го покажавме и на теренот. Бевме фаворити, а и домашниот терен ни даде мала предност тука. Сепак, мислам дека и оваа публика ни даде исто така ветер во грб, иако мислам дека главно е тоа што квалитетот е на наша страна и ние не дозволивме во ниеден момент Струга да се посомнева дека има некакви шанси на овој меч.”- заврши Ивановски.

ФОТО: ГРК Охрид

Со убедливото издание против Струга, Охрид ја запиша првата победа во новата сезона од Суперлигата и на најдобар можен начин го одбележа Езерското дерби. „Гладијаторите“ сега го насочуваат вниманието кон следниот предизвик и гостувањето кај Бутел во Скопје.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе се одигра дербито на 4. коло на Втората футсал лига меѓу...

Кошарка

Работнички ја брани серијата од пет победи, а четири екипи бркаат биланс 3–3

Работнички го пречекува Кожув како единствена екипа со пет победи во пет натпревари. МЗТ Скопје Аеродром е најблиску со биланс 4–1, а Кожув...

Поврзани написи
Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

РакометРакометна репрезентација

Кадетите на Македонија со две проверки против младинската репрезентација

ЕХФ неделата ќе донесе меѓусебни дуели меѓу македонските кадетски и младински ракометари....

РакометРакометна репрезентација

ФОТО: Сè е подготвено за Луксембург – Македонија го одработи последниот тренинг!

Македонската машка ракометна репрезентација ги привршува подготовките за почетокот на квалификацискиот циклус...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!