Ракомет

ФОТО: Салата “Млаз” е подготвена за дуелот меѓу Младост и Прилеп – вечерва Богданци ќе живее за ракометот

Сподели
Сподели

Сè е подготвено во Богданци за првиот домашен натпревар на РК Младост во новата сезона од Суперлигата. Повратникот во македонското ракометно елитно друштво вечерва ќе ја пречека екипата на Прилеп, во натпревар кој со посебно внимание се очекува од љубителите на ракометот во градот.

Салата “Млаз” доби и нов изглед, по серијата реконструктивни активности со кои спортската сала беше значително унапредена.

Како што Спортска Мрежа веќе известуваше, комплетно беа санирани и реновирани соблекувалните, обновен беше подот, а се работеше и на надворешниот изглед на салата, како и на нејзините внатрешни делови.

Но, новитетите не завршуваат само со инфраструктурните зафати.

Сите оние кои вечерва ќе бидат дел од првиот суперлигашки натпревар на Младост ќе влезат преку главниот влез, каде што ќе биде достапно и бифе со точени пијалоци, па посетителите ќе можат да се освежат пред и за време на натпреварот.

Посебно место во салата има и галеријата посветена на историјата на Младост. Таму се изложени најголемите успеси на клубот – пехари, медали и освоени титули, но и бројни фотографии, весници, списанија, книги и други материјали кои сведочат за богатото минато на богданечкиот ракомет.

Галеријата не ја раскажува само приказната за РК Младост, туку и за женскиот ракометен клуб Млаз, со што на едно место е зачувана значајна дел од ракометната историја на Богданци.

По враќањето во Суперлигата, Младост вечерва ќе го има првиот вистински тест пред своите навивачи, а атмосферата во целосно обновениот ракометен дом се очекува да биде посебна.

Натпреварот Младост – Прилеп започнува во 19:30 часот, а сите кои нема да можат да бидат во салата во Богданци ќе имаат можност да го следат натпреварот во живо на YouTube каналот на Ракометната федерација на Македонија.

За Младост ова не е само почеток на нова суперлигашка сезона. Тоа е и враќање на клубот во елитата во сала која повторно го добива препознатливиот ракометен дух и во која историјата и иднината на ракомет на малото гратче од Југот ќе бидат на едно место.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата сезона. Штипјани славеа на гостувањето кај поранешниот шампион Струмица со 1:3...

Втора лигаФудбал

Брера оди по победа во Радовиш, Детонит Плачковица брани бодовна предност над Новаци

АП Брера Струмица гостува кај Детонит Плачковица со можност да се израмни по бодови со третопласираниот Работнички. Струмичани се четврти со 18 бода...

Поврзани написи
Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

РакометРакометна репрезентација

Кадетите на Македонија со две проверки против младинската репрезентација

ЕХФ неделата ќе донесе меѓусебни дуели меѓу македонските кадетски и младински ракометари....

РакометРакометна репрезентација

ФОТО: Сè е подготвено за Луксембург – Македонија го одработи последниот тренинг!

Македонската машка ракометна репрезентација ги привршува подготовките за почетокот на квалификацискиот циклус...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!