КошаркаКошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија доминантно го заврши циклусот – шест победи од шест и сигурен пласман понатаму

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели



Македонска машка кошаркарска репрезентација ја потврди доминацијата во првата рунда од претквалификациите за Евробаскет 2029, откако со победа од 80:66 на гостувањето кај Луксембург го заокружи настапот со максимален учинок од шест победи во шест натпревари.

Иако селекторот Жозеп Марија Берокал не можеше да смета на неколку стандардни кошаркари и му даде одмор на капитенот Војдан Стојановски, македонскиот состав уште од стартот ја презеде иницијативата. По воведните десет минути водеше со 23:15, а до полувремето создаде убедлива предност од 46:27, која без поголеми проблеми ја задржа до самиот крај.

Одличен прв настап во националниот тим имаше Нејт Сестина, кој беше најефикасен со 18 поени и пет скока. Значаен придонес даде и Ташовски со 16 поени, седум скока и седум асистенции, додека Ѓуроски запиша 13 поени. Ефремовски и Какруки натпреварот го завршија со по 12 поени.

Со скор 6-0 и освоени 12 бодови, Македонија убедливо заврши на првото место во групата „А“, оставајќи ги зад себе Луксембург, Ирска и Азербејџан. „Црвено-жолтите“ на одличен начин го затворија јулскиот ФИБА прозорец и со голема самодоверба ќе влезат во втората рунда од претквалификациите, која започнува на 27 август.



Сподели

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски со голема победа: Таџикистан ја совлада Кина

Игор Ангеловски запиша значаен триумф како селектор на Таџикистан, откако неговата репрезентација со 1:0 ја совлада Кина во пријателски натпревар одигран во Чонгкинг....

КупФудбал

КУП: Тиквеш со 13 гола го доби третолигашот Крошу Спорт како на тренинг меч

Тиквеш воопшто не се испоти за да се пласира во осминафиналето од Купот на Македонија, откако со 0:13 го декласираше третолигашот Крошу Спорт...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонските навивачи со организиран „Fan Walk“ во Луцерн пред дуелот со Швајцарија

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 часот го игра натпреварот против Швајцарија...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Муслиу: Мора да ставиме прст на глава, да видиме што правиме и како се однесуваме кон дресот

Во единаесет дена македонската фудбалска репрезентација игра четири меча, утре во Луцерн...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У18 минимално поразена од Црна Гора во Охрид

Репрезентацијата на Македонија до 18 години со минимални 0:1 загуби од Црна...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!