РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У18 минимално поразена од Црна Гора во Охрид

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Репрезентацијата на Македонија до 18 години со минимални 0:1 загуби од Црна Гора во првиот од двата пријателски натпревари меѓу двете селекции.

Дуелот се одигра на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид, а единствениот гол беше постигнат во 71. минута, кога Арда Илјазовски несреќно ја затресе сопствената мрежа.

Македонија во првото полувреме ја имаше најдобрата можност преку Васко Попалиски, кој шутираше од работ на шеснаесетникот, но не успеа да го совлада црногорскиот голман. Истиот фудбалер во вториот дел повторно беше во добра позиција, но по мешаницата во петерецот на противникот не успеа да реализира.

Вториот пријателски натпревар меѓу Македонија и Црна Гора ќе се одигра во вторник, со почеток од 11:00 часот.

Македонија: Лука Грчевски, Алекса Јазагиќ, Тео Стојчевски, Павел Котески, Марко Иванов, Алек Чедомирски (од 54. Алек Трипков), Арда Илјазовски (од 78. Лука Георгиев), Бленди Љачка, Васко Попалиски, Андреј Цветковски, Марко Мирчевски (од 54. Јаков Прелиски).

Селектор: Влатко Колев.

Црна Гора: Симон Сошиќ, Стефан Недиќ, Андрија Рондовиќ, Петар Ивановиќ (од 77. Лука Марковиќ), Матија Ракчевиќ, Алекса Цаушевиќ (од 67. Матија Кнежевиќ), Марк Ѓокај (од 77. Павле Пејовиќ), Веско Чукиќ, Петар Радомировиќ, Данило Кисиќ (од 67. Немања Кљајевиќ), Лука Вушуровиќ (од 77. Петар Беговиќ).

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Лидерот Куманово ја декласираше Победа од Тромеѓа, Козјак со три бода, Пчиња славеше над Липково

Екипата на Козјак од Старо Нагоричане стигна до првата сезонска победа откако во гости со 0:2 го доби Влазними од Оризари, во меч...

Трета лигаФудбал

Илинден до уште една убедлива победа, Аган Алиу го реши Њу Старс, еден меч заврши без победник

Непоразениот лидер Илинден до нов триумф откако во меч од 7. коло на Трета лига регион 1 славеше над Перпарими Нигиштан со што...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У15 со убедлива победа над Панама го отвори Светското првенство во Баку

Младата репрезентација на Македонија до 15 години со триумф го отвори настапот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторката Катерина Милеска го објави списокот на фудбалерки за квалификацискиот турнир во Грузија

Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години ќе учествува во квалификациите...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Горан Станковски го избра составот: Македонија У15 ќе настапи на Светското првенство во Баку

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 15 години, составена од играчи од...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Женската кадетска репрезентација ги започна подготовките, Македонија ќе игра против Турција и Грција

Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија ги започна подготовките за настапот во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!