РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски: Швајцарија е велесила, но ние тука не дојдовме само да одиграме натпревар, туку да направиме нешто

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Фудбалската репрезентација на Македонија утре ќе одигра нов дуел со репрезентацијата на Швајцарија во гости, во оглед нашата репрезентација да извлече позитивен резултат, по поразот во Скопје од 0:3

Селекторот Гоце Седлоски на прес конференцијата пред утрешниот меч истакна дека мора да се надминат грешките од првиот меч.

„Знаеме каква репрезентација е Швајцарија и со какви играчи располага. Мора да ги надминеме грешките од првиот меч. На терен ќе излеземе да докажеме дека знаеме да ги отстраниме проблемите кои ги имавме, со колективна игра и еден за друг. Швајцарија е велесила, но ние тука не дојдовме само да одиграме натпревар, туку да направиме нешто. Сакаме добар натпревар и да се израдуваме по поразите кои ги имавме“, изјави Седлоски.

Селекторот потврди дека здравствениот билтен е добар и дека сите фудбалери се подготвени за натпреварот, а најави и промени во составот поради густиот распоред и четирите натпревари во период од 12 дена.

„Сите играчи кои се повикани ќе добијат шанса. Ќе има свежи играчи и некои промени, затоа што не може да се издржи таков период. Од секој играч сакам подобро. Имаме и млади момци кои се примени добро од постарите и од меч во меч мора да бидеме подобри“, додаде Седлоски.

Селекторот истакна и дека критиките треба да бидат насочени кон него, а фудбалерите во овој момент да ја имаат потребната поддршка.

Поддржи ја Спортска Мрежа со симболична донација и помогни ни да продолжиме со промоцијата на македонскиот спорт

Натпреварот меѓу Швајцарија и Македонија се игра утре во 20:45 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Успех кој се памти: 4 златни, 3 сребрени и 9 бронзени медали за Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација на силниот меѓународен натпревар „Србија опен 2026“

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација оствари одличен настап на меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Србија опен 2026“, кој се одржа во Нови Сад, Србија. Во...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир Ohrid Winter Cup 2026, кој ќе се одржи од 5 до...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија до 15 години ја совлада и Малта на Светското првенство во Баку

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 15 години оствари победа од 3:1...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!