Ракомет

Јагуриноски пред реваншот:„Играме дома и ќе дадеме максимум!“ – Охрид со срце кон финале!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Охрид е пред уште една историска вечер – европско полуфинале кое носи огромна тежина, но и шанса за подвиг што долго ќе се памети. Во сабота, пред преполните трибини во „Билјанини извори“, ракометарите на ГРК Охрид ќе излезат со една цел – да го дадат максимумот и да направат чекор поблиску до финалето во ЕХФ Европскиот Куп.

ФОТО: ГРК Охрид

Еден од клучните адути во тимот, Томислав Јагуриноски, јасно ја потенцира важноста на овој натпревар, истакнувајќи дека иако противникот има сериозен квалитет, домашниот терен ќе биде силен фактор за Охрид.

„Ова европско полуфинале има големо значење за Охрид! Целје има одличен тим, но ние играме на домашен терен и ќе го дадеме нашиот максимум!“- изјави Јагуриноски.

ФОТО: ГРК Охрид

Поддршката од трибините, мотивацијата и желбата за успех се на страната на охриѓани, кои ќе се обидат да испишат нова страница во клупската историја. Сè е подготвено за ракометен спектакл – останува тимот да одговори на предизвикот на теренот. Натпреварот се игра во сабота (02.05), со почеток од 19:00 часот.

ФОТО: ГРК Охрид

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Беласица и Пелистер без голови во Струмица, Охрид останува лидер во Втората лига

Беласица и Пелистер одиграа без голови (0:0) во Струмица во натпреварот со кој беше заокружено 7. коло во Втората македонска фудбалска лига. Иако...

Прва лигаФудбал

Закариќ го сруши Скопје во судиското надополнување, Вардар се доближи до врвот, Варадиновски со деби пораз

Вардар освои големи три бода на гостувањето кај Скопје во Автокоманда, славејќи со 1:2 благодарение на двата погодоци на Горан Закариќ. Напаѓачот на...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6....

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја...

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде...

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!