Прва лигаФудбал

Закариќ го сруши Скопје во судиското надополнување, Вардар се доближи до врвот, Варадиновски со деби пораз

Сподели
ФОТО: ФК Вардар АД
Сподели

Вардар освои големи три бода на гостувањето кај Скопје во Автокоманда, славејќи со 1:2 благодарение на двата погодоци на Горан Закариќ. Напаѓачот на „црвено-црните“ беше херој на својот тим, откако со гол во судиското надополнување му донесе цел плен на Вардар.

Домашниот состав, популарните „Пирати“, подобро го отвори натпреварот и во 26. минута стигна до водство. Виктор Ангелов ја затресе мрежата на гостите за 1:0, резултат со кој Скопје замина на паузата со предност.

Сепак, Вардар не се предаде и во второто полувреме успеа да го промени текот на натпреварот. Во 56. минута, Горан Закариќ се запиша во листата на стрелците и го израмни резултатот на 1:1, најавувајќи неизвесна завршница.

Кога се чинеше дека двата тима ќе мора да се задоволат со по еден бод, Закариќ повторно стапи на сцена. Во судиското надополнување постигна уште еден гол и му донесе драматична победа на Вардар од 1:2.

Триумфот има дополнителна тежина за вардарци, кои го искористија ремито на лидерот Шкендија од Тетово против Шкендија Арачиново (1:1) и продолжуваат да го притискаат врвот на табелата во Првата македонска фудбалска лига.

Од друга страна, дебито на Иван Варадиновски на клупата на Скопје заврши со пораз. Штипскиот стратег ќе мора брзо да најде решение за резултатската криза на тимот од Автокоманда, кој и понатаму ја бара првата сезонска победа.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Охрид сигурен и во Куманово, Ројевиќ и неговите момци впишаа нови бодови!

Ракометарите на Охрид продолжуваат со успешните настапи во Супер лигата. „Гладијаторите“ се враќаат со цел плен од гостувањето кај Куманово, каде што славеа...

Кошарка

ГКК Штип ја запиша историската прва победа во Суперлигата, Струмица 2001 по триумфот над шампионот поразена во „Џексон“!

Кошаркарите на ГКК Штип конечно се израдуваа на првата победа во дебитантската сезона во МТЕЛ Суперлигата, откако во натпреварот од петтото коло ја...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера може да го притисне врвот пред дербито Љуботен – Скопје

Дербито за првото место се игра во вторник, но притисокот врз водечките...

Трета лигаФудбал

Илинден го „прегази“ Кул Здравје со пет гола, хет-трик на Давид Ристовски

Непоразениот лидер Илинден забележа уште една висока победа, откако на воведниот меч...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Речица на крилата на Дарио Јакимовски го доби Влазними од Оризари

Речица со минимална победа од 1:0 над Влазними од Оризари го отвори...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!