Трета лигаФудбал

Превалец ремизираше со Бучин, прилепска Победа со ОСУМ гола во Пепелиште, трите бода заминаа во Крушево

Сподели
Сподели

Прилепска Победа продолжува да нижи големи победи во Трета лига регион 4 откако со 0:8 славеше над Победа во Пепелиште во меч од 5. коло.

Резултатот го отвори Златко Лазаров кој си постигна автогол во 7. минута, а потоа головите на Давид Паскоски и Христијан Митрески, како и двата гола на Мартин Никовиќ, тимот од Прилеп имаше 0:5 на полувреме.

Во вториот дел Димитар Шаркоски, Марио Тасески и Марио Дебрешлиоски ги поставија конечните 0:8.

Превалец ремизираше на гостувањето кај Бучин во меч со два гола за конечни 1:1. Домашниот тим во 20. минута дојде до водство од 1:0 со голот на Зоран Мирчески, а пак во вториот дел гостинот со голот на Филип Мијалковски во 52. минута успеа да остане непоразен и да се врати со бод.

ПОДДРЖИ ЈА СПОРТСКА МРЕЖА СО СИМБОЛИЧНА ДОНАЦИЈА

Питу Гули славеше висока победа од 0:3 над Млекар и во Крушево се враќа со трите бода. Резултатот го отвори Антонио Димоски во 43. минута за водство на полувреме, а во вториот дел Јованчо Бубаќоски ги постави конечните 0:3 со два гола.

Венец и Вардар Неготино ги поделија бодовите откако одиграа 2:2. Гостинот кој е лански второлигаш го отвори резултатот преку Дане Митрев во 6. минута, а потоа Стојанче Камчев во 36. минута си постигна автогол за 1:1 на полувреме.



Во вториот дел беа постигнати два погодоци во самиот финиш откако Стојанче Камчев погоди во 85. минута за 1:2, а само една минута подоцна Жарко Донев ги постави конечните 2:2.

Колото се комплетира со денешните средби.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Младост го декласираше Текстилец среде Штип: Антонио Каракабаков со 15 гола, Стојан Иванџиков постигна 11

Ракометарите на Младост 1977 од Богданци забележаа убедлива победа од 21:38 над Текстилец среде Штип во меч од 8. коло на Кадетската ракометна...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера може да го притисне врвот пред дербито Љуботен – Скопје

Дербито за првото место се игра во вторник, но притисокот врз водечките екипи може да порасне уште утре. Тиверија Брера ја пречекува Каменица...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера може да го притисне врвот пред дербито Љуботен – Скопје

Дербито за првото место се игра во вторник, но притисокот врз водечките...

Трета лигаФудбал

Илинден го „прегази“ Кул Здравје со пет гола, хет-трик на Давид Ристовски

Непоразениот лидер Илинден забележа уште една висока победа, откако на воведниот меч...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Речица на крилата на Дарио Јакимовски го доби Влазними од Оризари

Речица со минимална победа од 1:0 над Влазними од Оризари го отвори...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!