Трета лигаФудбал

Хитот Огражден со нова победа за избивање на врвот, Овче Поле убедлив во Делчево, Карбинци со нов пораз

Сподели
Сподели

Од шест меча на 5. коло на Трета лига регион 3, се одиграа четири меча.

Како што веќе објави Спортска Мрежа, мечот во Македонска Каменица не се одигра бидејќи Тиверија не се појави на теренот, па Саса добива службени три бода.

Во Валандово мечот меѓу Победа и Малеш од Берово не се одигра, домаќинот поради причини кои не беа јавно споделени во нивното соопштение добие одложување на мечот.

Никола Тасев во 88. минута беше херој за Огражден откако славеше со минимални 1:0 над Ударник од Пирава, со што тимот од Ново Село изби на врвот од табелата.

Овче Поле преку пресврт славеше над Брегалница во Делчево со 1:4. Домаќинот преку гол на Марио Атанасовски го отвори резултатот, а потоа “овчарите” двојниот стрелец Тоше Манов и погодоците на Давид Велковски и Матеј Славевски стигна до победа.

Нов пораз за Карбинци кој загуби со 4:1 од Хоризонт Турново во Струмица. Стрелци беа Александар и Мартин Шутевски за двојна предност на полувреме. Во вториот дел Стојанчо Иванов и Никола Божинов ја потврдија високата победа. За гостинот утешен гол постигна Стојан Коцев.

Дојранско Езеро и Слога Виница ги поделија бодовите играјќи 2:2. Ристо Миленковиќ и Лазар Дучков стрелаа за домашниот тим, за гостинот во вториот дел Ненад Иванов и Филип Данев во 90. минута за бод за ланскиот второлигаш.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Младост го декласираше Текстилец среде Штип: Антонио Каракабаков со 15 гола, Стојан Иванџиков постигна 11

Ракометарите на Младост 1977 од Богданци забележаа убедлива победа од 21:38 над Текстилец среде Штип во меч од 8. коло на Кадетската ракометна...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера може да го притисне врвот пред дербито Љуботен – Скопје

Дербито за првото место се игра во вторник, но притисокот врз водечките екипи може да порасне уште утре. Тиверија Брера ја пречекува Каменица...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера може да го притисне врвот пред дербито Љуботен – Скопје

Дербито за првото место се игра во вторник, но притисокот врз водечките...

Трета лигаФудбал

Илинден го „прегази“ Кул Здравје со пет гола, хет-трик на Давид Ристовски

Непоразениот лидер Илинден забележа уште една висока победа, откако на воведниот меч...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Речица на крилата на Дарио Јакимовски го доби Влазними од Оризари

Речица со минимална победа од 1:0 над Влазними од Оризари го отвори...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!