Втора лигаФудбал

Беласица и Пелистер без голови во Струмица, Охрид останува лидер во Втората лига

Сподели
Сподели

Беласица и Пелистер одиграа без голови (0:0) во Струмица во натпреварот со кој беше заокружено 7. коло во Втората македонска фудбалска лига. Иако двата тима имаа свои можности за погодок, ниту еден не успеа да ја искористи шансата за три бода.

За Беласица ова е петти натпревар по ред без победа, при што струмичани во овој период забележаа пет ремија. Домашниот состав повторно не успеа да стигне до посакуваниот триумф, па мораше да се задоволи со еден бод пред своите навивачи.

Пелистер, пак, ја прекина победничката серија и пропушти можност да освои нови три бода во трката за врвот. Битолчани сега имаат 15 бодови и се наоѓаат на второто место, со еден бод помалку од лидерот Охрид.

Беласица по ова реми има 11 бодови и се наоѓа на петтата позиција на табелата.

Сепак, табеларниот поредок сè уште не е конечен. Дополнително треба да се одигра одложениот натпревар од петтото коло меѓу Работнички и Брера, по кој ќе биде познат и конечниот изглед на табелата.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Црна Река подготвена патува во Штип за дербито со Мал Ајакс

Денес во Штип ќе се одигра дербито на 3. коло во Втората футсал лига меѓу поранешните прволигаши Мал Ајакс и Црна Река, две...

ФудбалФутсал

Во меч со 11 гола Јувентус Серава го доби Осогово од Крива Паланка

Повеќе од атрактивен натпревар се одигра вечерва, Јувентус Серава ја доби голеадата со Осогово од Крива Паланка, славејќи со 6:5 во рамките на...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Црна Река подготвена патува во Штип за дербито со Мал Ајакс

Денес во Штип ќе се одигра дербито на 3. коло во Втората...

ФудбалФутсал

Во меч со 11 гола Јувентус Серава го доби Осогово од Крива Паланка

Повеќе од атрактивен натпревар се одигра вечерва, Јувентус Серава ја доби голеадата...

ФудбалФутсал

Каршиака го декласираше Овче Поле со четири гола

Каршиака ја продолжува победничката низа во Втората футсал лига откако стигна до...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера може да го притисне врвот пред дербито Љуботен – Скопје

Дербито за првото место се игра во вторник, но притисокот врз водечките...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!