Ракомет

Битола вечерва ќе гори – Вардар доаѓа како лидер, шампионот Еурофарм Пелистер без право на грешка!

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Македонската ракометна јавност вечерва ќе биде насочена кон Битола, каде што Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 ќе го одиграат големото дерби во рамки на второто коло од плеј-офот во Суперлигата. Натпреварот започнува во 19:00 часот, а салата во Битола е распродадена и се очекува жешка атмосфера.

Дуелот доаѓа во исклучително важен момент од сезоната. Пред почетокот на ова коло Вардар е лидер на табелата со 44 бодови, додека Еурофарм Пелистер е втор со 40 бодови. Токму затоа притисокот е на страната на битолчани – евентуален пораз би значел Вардар да се одлепи на шест бода предност, што значително би ја искомплицирало одбраната на шампионската титула за „пелистерци“.

Дополнителна неизвесност во борбата за врвот донесе и вчерашното реми меѓу Охрид и Алкалоид во „Билјанини извори“. По поделбата на бодовите, Охрид се израмни со Еурофарм Пелистер на 40 бодови на третото место, додека Алкалоид има 36 бодови и се наоѓа на четвртата позиција.

Двата големи ривали сезонава веќе покажаа колку се изедначени, откако во регуларниот дел од шампионатот секој тим успеа да слави на свој терен. Затоа и вечерашниот меч може да има огромно влијание врз текот на шампионската трка.



Вардар во Битола пристигнува со дополнителна самодоверба по европскиот успех и пласманот во четвртфиналето од Европската лига, додека Еурофарм Пелистер неодамна го заврши настапот во Лигата на шампионите. Според најавите, стручните штабови на двете екипи немаат поголеми проблеми со повредени ракометари, со тоа што кај домаќините под знак прашалник е настапот на Доминик Тајник.

Со оглед на важноста на бодовите и традиционалното ривалство, се очекува уште едно жестоко дерби кое може сериозно да ја насочи борбата за шампионската титула. Судии на натпреварот ќе бидат Ненад Николовски и Исмаил Металари.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Еурофарм Пелистер – Вардар

Следете го во ЖИВО големото ракометно дерби во Битола меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар.

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Топ Гол го „тресна“ Кочани и го „заковаа“ на дното во дербито за опстанок

Трите бодови останаа во Битола – Топ Гол ја доби дерби пресметката за опстанок со Кочани, откако славеше пред својата публика со 2:1...

Поврзани написи
Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Еурофарм Пелистер – Вардар

Следете го во ЖИВО големото ракометно дерби во Битола меѓу Еурофарм Пелистер...

Ракомет

Моралес: „Во второто полувреме влеговме многу пофокусирано“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без...

Ракомет

Алкалоид поднесе жалба: Скандалозно судење на натпреварот против ГРК Охрид

Алкалоид ремизираше со Охрид во „Билјанини Извори“, откако двете екипи одиграа 27:27...

Ракомет

Прилеп со силен финиш го „скрши“ Куманово, Цветаноски блесна со осум гола

Ракометарите на Прилеп стигнаа до нова победа во плеј-аут фазата од Суперлигата,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!