Ракомет

Костов лидер, Мате веднаш зад него: Топ 10 стрелци по две одиграни кола во Супер лигата

Сподели
Сподели

По две одиграни кола во новата сезона од Супер лигата, охриѓанецот- Наум Костов од МРК Куманово, е лидер на листата на најдобрите стрелци.

Костов, во првите два натпревари постигна 23 гола. Тој, на натпреварот против шампионот Вардар, имаше блескава партија од 15 погодоци, од исто толку и обиди. На второто место е ракометарот на Охрид, Доминик Мате, кој досега има 18 гола.

ФОТО: МРК Куманово

Трет на листата е Димитар Димитриоски од Прилеп со 15 погодоци, додека зад него следува група од четворица ракометари со по 14 гола. Во неа се Петар Атанасијевиќ од Еурофарм Пелистер, Мохамед Азиз Бен Махфоудх од Тиквеш 2014, Даниел Андоновски од Младост и Никола Јукиќ од Струга.

ФОТО: ГРК Охрид

Топ 10 го комплетираат уште тројца ракометари со по 13 постигнати голови. Владимир Бојаниќ од Младост, Давид Трајковски од Мулти Есенс и Кристијан Симоновски од Еурофарм Пелистер 2 по две кола се на делба од осмото до десеттото место.

ФОТО: РК Прилеп

Топ 10 стрелци по две кола:

1. Наум Костов – МРК Куманово – 23

2. Доминик Мате – Охрид – 18

3. Димитар Димитриоски – Прилеп – 15

4. Петар Атанасијевиќ – Еурофарм Пелистер – 14

5. Мохамед Азиз Бен Махфоудх – Тиквеш 2014 – 14

6. Даниел Андоновски – Младост – 14

7. Никола Јукиќ – Струга – 14

8. Владимир Бојаниќ – Младост – 13

9. Давид Трајковски – Мулти Есенс – 13

10. Кристијан Симоновски – Еурофарм Пелистер 2 – 13

По само две кола, разликите на врвот сè уште се релативно мали, а продолжението од сезоната ќе донесе нови промени на стрелечката листа. Засега, Костов е прв стрелец, додека Мате е најдобро пласираниот ракометар на Охрид.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите ракометари. Во недела, 8 ноември, спортската сала „Млаз“, која има голема...

Останато

Македонска Каменица ќе биде домаќин на историско шаховско првенство – најдобрите млади шахисти ќе се борат за државните титули!

Македонска Каменица на 22 ноември ќе биде центар на младинскиот шах во Македонија. За првпат ќе се одржи Државното првенство во забрзан шах...

Поврзани написи
Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

РакометРакометна репрезентација

Кадетите на Македонија со две проверки против младинската репрезентација

ЕХФ неделата ќе донесе меѓусебни дуели меѓу македонските кадетски и младински ракометари....

РакометРакометна репрезентација

ФОТО: Сè е подготвено за Луксембург – Македонија го одработи последниот тренинг!

Македонската машка ракометна репрезентација ги привршува подготовките за почетокот на квалификацискиот циклус...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!