Останати репрезентацииРепрезентација

Деспотовски: Покажаа потенцијал, ова треба да им биде мотив за уште повеќе тренинг и подобри резултати

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Македонскиот национален тим го заврши својот настап на Европското првенство за тенисери и тенисерки до 18 години Оберпулендорф, Австрија. За Македонија настапија Мила Јовановски, Ирина Пиштолова кај девојките и Кристијан Јанев и Ерион Незири кај момчињата.

Покрај натпреварите во поединечна конкуренција, македонските тенисери настапија и во конкуренција на двојки:

 „Европското првенство за тенисери и тенисерки до 18 години имаше свој висок квалитет, иако некои од играчите и не беа присутни. Но, сепак тие што се тука се квалитетни во својата возраст. Што се однесува до нашите тенисери – одиграа квалитетно и максимално одговорно и борбено, но недостатоците што ги имаат треба да ги поправат. Сепак машкиот дубл за малку не направи изненадување и буквално во решавачкиот сет го загубија мечот со тенисерите од Шведска, но покажаа квалитет и малку и недостасуваше за победа. Сепак ова што го прикажаа тука, треба да им биде мотив во иднина да тренираат повеќе и да имаат подобри резултати“,  изјави селекторот на јуниорскиот тим Круно Деспотовски.

Следната недела во Парма, Италија се игра Европското првенство за тенисери и тенисерки до 16 години, а македонски претставници ќе бидат: Сара Митевска, Лина Николовска и Марко Алексовски и Алексеј Стојановски.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Втора лигаФудбал

Охрид го брани врвот, Пелистер чека кикс: три различни испити за водечките во Втората лига

Еден бод ги дели Охрид и Пелистер пред 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Охрид има 25 бода, Пелистер 24, а Работнички...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија фуриозно ги отвори квалификациите – Луксембург испратен со 18 гола разлика!

Македонската ракометна репрезентација на најдобар можен начин го започна патот кон Европското...

РепрезентацијаФудбалска репрезентацијаФутсал

Македонија со Финска и Шпанија во квалификациите за СП во футсал

Македонската футсал репрезентација ја започнува трката за пласман на Светското првенство во...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

(ФОТО) Младинците подобри од кадетите: Македонија М20 славеше со 34:27 во контролниот натпревар против М18!

Младинската ракометна репрезентација на Македонија до 20 години (М20) забележа победа во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!