Втора лигаФудбал

Неколку второлигаши „висат“: Победата е неопходна за излез од резултатската криза

Сподели
Сподели



Денес ќе биде отворено шестото коло во Втората фудбалска лига, а ќе се комплетира утре со мечот меѓу Брера и Шкупи, кој ќе се игра во Струмица.

По тоа што досега се одигра во второлигашкиот шампионат, неколку екипи „висат“ и веќе „црвениот аларм“ е пред вклучување, а можеби внатре веќе истиот да е вклучен, без јавноста да знае.

Притисокот започнува, иако многумина ќе кажат сезоната е долга, сепак не е така. Оваа сезона се натпреваруваат 14 екипи, последните три испаѓаат директно, бараж за опстанокот нема, а ќе се одиграат 26 кола, автоматски четири помалку кола од минатата сезона.

За некои екипи веќе се создава бодовен јаз кој доколку веќе од денес не започне да се полни со бодови, „водата“ ќе ги однесе екипите на сигурен пат кон Трета лига.

Шкупи е во најтешка ситуација, тимот од Чаир никако да победи и во Втората лига, на дното без бодови. Ситуацијата станува опасна особено затоа што Шкупи е далеку барем засега и од освојување на бод. Имаше пет тешки порази на толку натпревари.



Ситуацијата со Шкупи е како таа од пред неколку сезони со Борец, кога од Прва лига испадна во Втора лига, а од таму експресно испадна во Трета лига. Велешани се вратија веднаш во Втора лига, но тоа беше епизодна улога и завршија во Трета лига одново, со тоа што минатата сезона не го поминаа баражот за влез во Втора лига и одново ќе бидат во третолигашката конкуренција.

Осогово минатата сезона беше вистински хит, но годинава тешко собира бодови и веќе стравува од притисокот за бодови и позитивни резултати. Само еден бод од можни 15 на контото на „жетварите“ е јасен сигнал дека не е тој Осогово од минатата сезона.



Секако дека голем факт има и промената во ростерот, а тимот од коло во коло со доза на притисок ќе мора брзо да дојде до позитивен резултат.

Веќе денес Осогово ќе гостува кај Тетекс, во Тетово целта ќе биде позитивен резултат, но што ќе направат „жетварите“?

Еуромилк од Горно Лисиче по долги години се врати во Втора лига, но тимот не игра според планот, четири порази и еден триумф што беше за очекување, над Шкупи од 4:0.



Идеална шанса „лисиците“ гледаат денес против Беласица на домашен терен, бидејќи струмичани имаат три ремија во низа и со доза на притисок и резерва доаѓаат во Горно Лисиче во обид за враќање на победничките патеки, додека пак домаќинот се надева на второ сезонско славје.

Новаци се раздели со тренерот Иван Варадиновски и веднаш победи, а таа победа од 3:1 над Детонит Плачковица е повеќе од значајна на патот кон резултатска стабилизација и фаќање на приклучок кон горниот дел од табелата.

Новаци денес ќе има предизвик во Гевгелија против Кожуф, да ги освои бодовите. Интересно е тоа што за Кожуф голема предност ќе биде фактот што нивниот тренер Дарко Крстески минатата сезона го водеше Новаци, па ги знае „слабите страни“.



НАТПРЕВАРИ 6. КОЛО ВМФЛ

САБОТА

Еуромилк ГЛ – Беласица
Камјани – Детонит Плачковица
Кожуф – Новаци
Македонија ЃП – Работнички
Пелистер – Охрид
Тетекс – Осогово

НЕДЕЛА

Брера – Шкупи



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус од Лигата на нации, откако во Луцерн загуби од Швајцарија со...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига, откако на гостувањето кај Вибжеже Гдањск одигра 31-31 во натпревар со...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

(ФОТО) Кои екипи имаат максимален ефект во Третата лига, а кои разочараа по четири кола?

По четири одиграни кола во шестте региони на Третата македонска фудбалска лига,...

ФудбалФутсал

Шампионот со ново засилување: Проект го претстави Александар Черкезов

Македонскиот футсал шампион Проект го промовираше Александар Черкезов како ново засилување за...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски со голема победа: Таџикистан ја совлада Кина

Игор Ангеловски запиша значаен триумф како селектор на Таџикистан, откако неговата репрезентација...

КупФудбал

КУП: Тиквеш со 13 гола го доби третолигашот Крошу Спорт како на тренинг меч

Тиквеш воопшто не се испоти за да се пласира во осминафиналето од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!