Кошарка

Куманово шампион на првиот меморијален турнир „Зоран Петковски – Петкото“, Стојан Ѓуроски МВП

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

МКК Куманово е победник на првиот меморијален турнир „Зоран Петковски – Петкото“, кој во изминатите два дена се одржа во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

Кумановци до трофејот стигнаа со две победи. Во полуфиналето, МКК Куманово беше подобар од домаќинот Пелистер со 80:61, додека во финалето славеше над ТФТ со 75:64 и го освои победничкиот пехар на првото издание на меморијалниот турнир посветен на Зоран Петковски – Петкото.

Третото место му припадна на МЗТ Скопје Аеродром. Актуелниот македонски шампион во натпреварот за третото место го совлада Пелистер со убедливи 85:63.

За најкорисен играч (МВП) на дводневниот меморијален турнир во Битола беше избран кошаркарот на МКК Куманово, Стојан Ѓуроски.

Репрезентативното крило на кумановските „сино-бели“ одигра два одлични натпревари и со своите настапи даде значаен придонес во освојувањето на трофејот. Ѓуроски сосема заслужено ја доби главната индивидуална награда на првото издание на меморијалниот турнир „Зоран Петковски – Петкото“.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ...

Кошарка

Никола Кочовиќ е нов кошаркар на КК Пелистер

Кошаркарскиот клуб Пелистер продолжува со засилувањата за новите предизвици во сезоната. Нов...

Кошарка

Јован Кузмановски е нов претседател на КК Пелистер!

Јован Кузмановски е избран за нов претседател на Кошаркарскиот клуб Пелистер од...

Кошарка

Крива Паланка одбраната на титулата ја започнува против Вардар, Гевгелија домаќин на Патриот

Викендот започнува новата сезона во Првата женска кошаркарска лига со мечевите од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!