Ракомет

Дерби на Вардар Неготино и Пролет, Драчево Јуниор гостува во Радовиш, Аеродром против Овче Поле

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели



Втората рунда од Првата ракометна лига носи четири средби кои ќе бидат одиграни утре и три натпревари в недела.

Новајлијата Илинден на домашен терен ќе се соочи со тимот на Јехона, во натпревар каде домаќинот ќе ја бара дебитантската победа против гостинот од Гостивар кој победнички ја отвори сезоната.

Натпреварот се игра во салата „Гоце Делчев“ со почеток во 19 часот.

Во „Цар Самоил“ во Свети Николе ќе биде одигран мечот меѓу Овче Поле кој ќе ја бара првата сезонска победа по поразот во Гостивар против Аеродром, кој, пак славеше над ланскиот суперлигаш Радовиш во гости. Натпреварот ќе започне во 19 часот.

Дерби на колото ќе се игра во Неготино каде ќе се соочат поранешните суперлигаши Вардар и Пролет. Дуелот во салата „Кирил и Методиј“ ќе стартува во 17 часот.

Последниот меч за саботната програма ќе биде во „Антон Димитров“ во Скопје каде Шампион ќе игра против дебитантот Сокол Саса од Скопје. Ова е меч за први бодови и на двете екипи, а стартот ќе биде во 20 часот.



В недела ќе има уште три интересни средби. Во салата „25-мај“ ланскиот суперлигаш Радовиш ќе се обиде конечно да дојде до триумф. Минатата сезона радовишани немаа триумф, а со поразите започнаа и во новата сезона, откако загубија од Аеродром. Радовиш ќе има тежок предизвик против Драчево Јуниор, кој во првото коло ремизираше со Вардар Неготино.

Натпреварот ќе започне во 18:30 часот.

Во „26 април“ во Гевгелија ќе се игра мечот меѓу Партизан и Преспа, каде домашните ракометари ќе одат на два од два на стартот од сезоната, а пак гостинот од Ресен ќе ја бара првата сезонска победа. Средбата ќе започне во 17:00 часот.

Во салата „Кочо Рацин“ во Скопје со почеток од 16 часот ќе започне средбата меѓу Македонија ЃП и Текстилец УГД од Штип. Дуел на две екипи кои со победата ја започнаа новата сезона.



Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Охрид е прв фаворит во ЕХФ Европскиот Куп, Алкалоид веднаш зад водечката тројка!

Европската ракометна федерација ги објави проценките за силата на 64-те екипи кои продолжуваат во ЕХФ Европскиот Куп, пред натпреварите од второто коло. Македонските...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Дмитро Хориха: Ти благодарам, Македонијо, за довербата, за љубовта и за тоа што стана многу повеќе од само една земја за мене

Дмитро Хориха и официјално има право да игра за македонската ракометна репрезентација, тоа беше денес потврдено на прес-конференцијата на Ракометната федерација на Македонија....

Поврзани написи
Ракомет

Охрид е прв фаворит во ЕХФ Европскиот Куп, Алкалоид веднаш зад водечката тројка!

Европската ракометна федерација ги објави проценките за силата на 64-те екипи кои...

Ракомет

Голема борба и драматичен финиш, но Вардар загуби со еден гол во Полска

Ракометарите на Вардар 1961 доживеаја нов пораз во Лигата на шампионите, откако...

Ракомет

Алкалоид ја наостри формата пред европското деби, Струга немаше одговор на налетот на домаќинот

Ракометарите на Алкалоид со убедливо издание ја потврдија фаворитската улога против Струга...

Ракомет

Ќосевски пред Мулти Есенс: „Нè очекува млада и борбена екипа, но нашата цел е јасна“

По значајната победа во дербито со Алкалоид на домашен терен, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!