Ракомет

Хрватски судии за европскиот двомеч на Тиквеш со Еш

Сподели
ФОТО: Меморијален турнир ,,Миле Нешкоски"- Прилеп/Motion Media
Сподели

Тиквеш ги доби официјалните лица за двата натпревари против Handball Esch од Луксембург во првото коло од ЕХФ Европскиот Куп. Европската ракометна федерација за европскиот двомеч во Кавадарци одреди судиска двојка од Хрватска, додека делегатската функција ќе ја извршува претставник од Србија.

На двата натпревари во спортската сала „Јасмин“ правдата ќе ја делат Матија Бродиќ и Матија Хоџиќ. За работата на официјалните лица и текот на средбите ќе биде задолжен Борис Ивановиќ од Србија, кој е делегиран како ЕХФ делегат.

Првиот дуел меѓу Тиквеш и Еш ќе се одигра во сабота, 19 септември, со почеток од 18:00 часот, а реваншот е закажан за истиот термин во недела, 20 септември. И двата натпревари ќе се одиграат пред домашната публика во „Јасмин“.

Кавадарчани така ги добија и последните детали за европскиот викенд, во кој ги очекува двоен предизвик против претставникот на Луксембург, со две средби на домашен терен во рамки на ЕХФ Купот.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
Ракомет

Ѓуриќ: Сите сме максимално фокусирани, ќе дадеме сè од себе да ги освоиме бодовите против Куманово

Атмосферата во соблекувалната на Младост е одлична, потврди Ѓорѓе Ѓуриќ пред денешниот...

Ракомет

Македонски судии со европска задача во Полска: браќата Илиевски делегирани за меч од ЕХФ Купот

Македонските ракометни судии продолжуваат со ангажманите на меѓународната сцена. Методија и Михајло...

Ракомет

Костов е сè уште прв стрелец во Супер лигата, а Матео Фадхуиле и Даниел Андоновски веднаш зад него!

Наум Костов од МРК Куманово е водечкиот стрелец во македонската ракометна Супер...

Ракомет

Ловро Јотиќ се враќа на терените и потпиша за Стеауа Букурешт!

Хрватскиот среден бек Ловро Јотиќ има нова станица во кариерата. Искусниот 31-годишен...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!