Ракомет

Младеновски: Вардар е огромен мотив, пред домашната публика ќе дадам сè од себе

Сподели
Сподели

Поразот остава разочарување кај екипата на Младост, откако беше блиску до првото сезонско славје, од предност со седум гола до пораз од еден гол од Прилеп.

Поразот веќе е минута, фокусот е на секој следен меч каде ќе се бара првата сезонска победа и ќе се собираат бодови за остварување на целите.

Кадетските репрезентативец Методи Младеновски, во изјава за Спортска Мрежа потенцираше дека поразот од Прилеп во последните секунди оставило разочарување кај целата екипа, кој вели дека како млад играч од ваквите натпревари гледа како на големо искуство.

„Поразот од Прилеп во последните секунди секако остави разочарување кај целата екипа, бидејќи бевме блиску до позитивен резултат. Но, како млад играч, гледам и на ваквите натпревари како на големо искуство. Да бидам дел од тим со искусни играчи ми значи многу, бидејќи од нив можам да учам и да извлечам поуки токму од ваквите моменти. Најважно е да останеме фокусирани, да извлечеме поука од поразот и да продолжиме уште посилно. Натпреварот против Вардар за мене е огромен мотив. Како млад ракометар и кадетски репрезентативец, сакам да покажам дека можам да се носам со такви натпревари и противници. Тоа што играме пред домашната публика во Богданци дополнително ме мотивира. Ќе влезам максимално фокусирано, со голема желба да дадам сè од себе и да помогнам на тимот колку што можам“, вели Младеновски за Спортска Мрежа.



Утре, Младост на домашен терен во салата „Млаз“ во Богданци ќе го пречека Вардар, а Младеновски на мечот со поранешниот европски шампион гледа голем мотив.

Талентот на Младост вели дека сака да покаже дека може да се носи на такви натпревари и со такви противници.

„Натпреварот против Вардар за мене е огромен мотив. Како млад ракометар и кадетски репрезентативец, сакам да покажам дека можам да се носам со такви натпревари и противници. Тоа што играме пред домашната публика во Богданци дополнително ме мотивира. Ќе влезам максимално фокусирано, со голема желба да дадам сè од себе и да помогнам на тимот колку што можам,“ дополнува Младеновски.

Младост и Вардар го заменија домаќинството, наместо во Скопје, натпреварот ќе се игра во Богданци, утре од 18 часот во салата „Млаз.“



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло на Младинската суперлига. Флори Илази промаши пенал во 9. минута, но...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Србија во Нови Сад. За...

Поврзани написи
Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

РакометРакометна репрезентација

Кадетите на Македонија со две проверки против младинската репрезентација

ЕХФ неделата ќе донесе меѓусебни дуели меѓу македонските кадетски и младински ракометари....

РакометРакометна репрезентација

ФОТО: Сè е подготвено за Луксембург – Македонија го одработи последниот тренинг!

Македонската машка ракометна репрезентација ги привршува подготовките за почетокот на квалификацискиот циклус...

Ракомет

Ројевиќ не ги заборава успесите со Војводина: Поранешниот клуб му посвети посебна порака!

Репрезентативната пауза донесе и средба со минатото за тренерот на ГРК Охрид,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!