Ракомет

Струга со ново засилување од Тунис – пристигна бекот Ахмед Мајдуб

Сподели
Сподели

Ракометниот клуб Струга го засили својот состав со млад и перспективен бек од Тунис – Ахмед Мајдуб, кој веќе им се приклучи на новите соиграчи и се очекува да дебитира на следниот натпревар против Пролет.

Мајдуб има 22 години, висок е 194 сантиметри, и важи за играч што може ефикасно да настапува во двата правци. За него ова ќе биде прво интернационално искуство, откако досега ги бранеше боите на Меднин во својата татковина.

Со неговото доаѓање, тој станува втор странски ракометар во редовите на стружани, по српскиот голман Александар Ѓурѓевиќ.

По осум одиграни кола, Струга има две победи и шест порази, со вкупно четири бодови, и се наоѓа на десеттата позиција во табелата на Суперлигата. Наредниот дуел на домашен терен против Пролет ќе биде можност тимот да се избори за трет триумф и да направи чекор напред кон остварување на својата цел – директен опстанок во Суперлигата, откако минатата сезона екипата на Струга играше бараж за опстанок против Мулти Есенс.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Ѓукиќ по триумфот над Прилеп: „Целта беше брзо да се одлепиме, и успеавме во тоа“

Ракометарите на Охрид остварија висока и убедлива победа на домашен терен, совладувајќи го Прилеп со 34-18. Тренерот Борис Ројевиќ по натпреварот истакна дека...

Ракомет

Еурофарм Пелистер со победа против „двојката“ пред европскиот старт

Еурофарм Пелистер го доби битолскиот дуел со својот втор тим, славејќи со 35-24 во последната контролна средба пред почетокот на европските обврски. Еурофарм...

Поврзани написи
Ракомет

Ѓукиќ по триумфот над Прилеп: „Целта беше брзо да се одлепиме, и успеавме во тоа“

Ракометарите на Охрид остварија висока и убедлива победа на домашен терен, совладувајќи...

Ракомет

Еурофарм Пелистер со победа против „двојката“ пред европскиот старт

Еурофарм Пелистер го доби битолскиот дуел со својот втор тим, славејќи со...

Ракомет

Охрид убедлив против Прилеп, „гладијаторите“ со полна пареа кон Вардар

ГРК Охрид продолжува со сигурни настапи на домашен терен. „Гладијаторите“ вечерва ја...

Ракомет

ФОТО: Црна Гора ја надигра Македонија во вториот меч од „Трофеј Македонија“

ФОТО: Црна Гора ја надигра Македонија во вториот меч од „Трофеј МакедонијаМакедонската...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!