РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Данев: Верувам дека ќе пружиме силен отпор и ќе стигнеме до позитивен резултат

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Младата репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември во Нови Сад ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Србија. Дуелот ќе се одигра на стадионот „Караѓорѓе“ и ќе претставува сериозен предизвик и можност за проверка на потенцијалот на новата генерација македонски фудбалери.

Во пресрет на натпреварот, младинскиот репрезентативец Димитар Данев очекува тежок дуел против квалитетен противник, но верува дека Македонија има капацитет да одговори на предизвикот и да се наметне на теренот.

„Очекувам тежок натпревар против Србија. Станува збор за квалитетна селекција, но и ние имаме свои квалитети. Дојде до промена на генерацијата, но веќе имаме неколку заеднички собири и сметам дека од ден на ден напредуваме. Верувам дека ќе пружиме силен отпор и ќе стигнеме до позитивен резултат.

Се подготвуваме одлично. Србија е на исто квалитативно рамниште со репрезентациите против кои игравме во претходниот циклус. Имавме можност да се соочиме со неколку многу добри селекции, кои поседуваат исклучителен квалитет. Свесни сме со какви играчи располагаме и ова ќе биде вистински тест за да видиме до каде сме и што може да покаже оваа генерација“, истакнува Данев.

Тој смета дека фудбалерите се во добра натпреварувачка форма и дека подготвеноста нема да претставува проблем пред гостувањето во Нови Сад.

„Сметам дека секој фудбалер во репрезентацијата има солидна минутажа и ќе го даде максимумот за да стигнеме до победа. Не мислам дека ќе имаме проблем ниту во однос на подготвеноста, ниту на натпреварувачката форма.

Секако дека чувствуваме одговорност, но токму затоа сме тука. Верувам дека можеме да се носиме со притисокот и да покажеме дека сме способни да ја предводиме оваа репрезентација“, вели Данев. 

Контролниот натпревар против Србија ќе биде уште една важна можност за новиот состав на Македонија до 21 година да ја провери својата подготвеност против квалитетен противник.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Адамовска: Подмладениот состав има натпреварувачки дух и желба за успех

Женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија утре (среда) ги започнува настапите во претквалификациите за Европското првенство во 2029 година. Прв предизвик за избраничките...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Данев: Верувам дека ќе пружиме силен отпор и ќе стигнеме до позитивен резултат

Младата репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември во Нови Сад ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Србија. Дуелот ќе...

Поврзани написи
Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Адамовска: Подмладениот состав има натпреварувачки дух и желба за успех

Женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија утре (среда) ги започнува настапите во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Чурлинов: Шкотска ги има Мектоминеј, Гилмор, Робертсон, ние ги имаме Елиф Елмас, Барди и Столе Димитриевски!

Репрезентацијата на Македонија го одржа денешниот тренинг пред последните два натпревари од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!