Дерби пресметка на два поранешни суперлигаши – Вардар Неготино против Радовиш во деветтото коло на Првата ракометна лига.
В сабота од 18:30 часот во салата на гимназијата „Кирил и Методиј“ во Неготино ќе се одигра големо дерби за големи два бода.
Вардар Неготино го дели првото место со ланскиот суперлигаш Пролет со по 13 бодови, а пак Радовиш го делат третото место со Драчево Јуниор со по 11 бодови.
Двата бода од оваа дерби може да направат промени, но и да влијае врз самата атмосфера во тимот во продолжението од есенскиот дел.
Екипи имаа доволно време за подготовки бидејќи минатиот викенд беше репрезентативна пауза.
Вардар Неготино има учинок од шест победи, едно реми и еден пораз, а пак Радовиш е со ефект од четири победи, три ремија и еден пораз.
Неготинци се подобри од аспект на ефикасноста на нападот и цврстината на одбраната. Вардар има 286 постигнати погодоци и со тоа го има најдобриот напад во шампионатот, а прими 191 гол, со што е најдобра одбрана во првенството.
Од друга страна радовишани доаѓаат со 259 постигнати погодоци, а пак имаат примено 221 гол.
Дали ќе успее Радовиш да се носи со тимот кој има најдобар напад и најдобра одбрана или пак ќе успее среде Неготино да ги освои бодовите и да го претекне на табелата.
Главен мотор за погодоци кај Радовиш е Васе Петров со 62 голови кој е трет најдобар гол, а пак Вардар Неготино како главни адути за голови ги има Мартин Димов со 54 голови и Костадин Петров со 53 бодови, кои се позиционирани на осмото и деветтото место на листата на најдобри стрелци во Првата ракометна лига.